Сума:
loading...

Пред точно 400 години згаснал животот на најблескавата ѕвезда на англиското книжевно небо – Вилијам Шекспир. Но, тој иако веќе 4 века не гази по Земјиното тло, неговите дела сè уште живеат и се повеќе од присутни во уметноста на современото општество. За тоа е заслужна неверојатната способност за метаморфоза што ја имаат делата на овој великан на англиската драма.

Тоа значи дека размислувањата за љубовта, предавството, неправдата и одмаздата што Шекспир ги изложил на уникатен и неповторлив начин имаат валидно значење и примена и ден денес иако поминало толку многу време.
Тоа најдобро може да се согледа од неговото влијание врз современата уметност било да се работи за театар, филм, литература или сликарство. Сигурно ќе се изненадите ако дознаете дека токму вашиот омилен филм се базира на некоја од Шекспировите драми. Ова се трите филмски хитови кои сигурно не сте знаеле дека се инспирирани токму од големиот Шекспир:

1. Таа е момче (She’s The Man)

Инспирирано од: „Дванаесеттата ноќ“ Променете го само бродоломот со тргнување во ново училиште и Шекспировата приказна за промена на полот, маскирање и љубовни триаголници станува соодветна за новата генерација. Во оригиналната комедија од Шекспир, младата Виола се разделува од нејзиниот брат близнак откако ќе доживеат бродолом и се маскира во младото момче Цезарио. Во текот на нејзината глума таа се заљубува во богатиот војвода, кај кого исто така почнуваат да се раѓаат чувства за Виола. Аманда Бајнс ја презема улогата на Виола во оваа адаптирана средношколска верзија и се претставува како нејзиниот брат за да може да игра во машкиот фудбалски тим. Можеби филмот не го постигна предвидениот успех, но секако не можеме да го обвиниме Шекспир за тоа.


2. Кралот лав (The Lion King)

Инспирирано од: „Хамлет“ Суштината на приказната и неколкуте клучни моменти остануваат непроменети, само заменете ја Данска со африканска савана и луѓето со животни (претежно лавови). Нормално е да не се забележи врската помеѓу „Хамлет“ и „Кралот Лав“ бидејќи не може на Шекспир целосно да му се препише идејата за „лошиот чичко“. Но, секој љубител на театарот ќе може да ги направи следниве паралели: Гордиот крал (Муфаса) е „случајно“ убиен од неговиот злобен и алчен брат (Скар), и по некое време надвор од кралството, принцот кој е вистинскиот престолонаследник (Симба), се враќа назад за да ја обелодени вистината. Во филмот дури е прикажан и духот на Муфаса, како и зборлестите пријатели на Симба, Тимон и Пумба (односно Розенкранц и Гилденстерн според оригиналот). Иако оваа адаптација е збогатена со музички елементи и среќен крај, сепак јасно е дека се работи за „Хамлет“.


3. 10 работи што ги мразам кај тебе (10 Things I Hate About You)

 

Инспирирано од: „Скротувањето на фуријата“ Младата Бјанка бара партнер за матурската вечер, но родителите не дозволуваат да оди без нејзината постара, посериозна и „поздодевна“ сестра Кет. И кое е решението? Да се најде партнер и за неа. Идејата на овој филм е многу едноставна: Направи средношколска романтична комедија со што повеќе убави луѓе и тинејџерите можеби и ќе успеат да изгледаат една драма на Шекспир. Планот се покажа како успешен најверојатно поради тоа што самиот филм беше добар и поткрепен од неоспорливите таленти на Хит Леџер и Џесика Стајлс.

Тука доаѓаме до еден неверојатен заклучок: Вилијам Шекспир е главниот виновник за создавањето на филмскиот жанр средношколска комедија.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна