Сума:
loading...

Кина и се е можно!

Првата трансплантација на човечка глава е успешно спроведена на човечко тело во Кина, како што објави италјанскиот професот Серџо Канаверо.

Др. Ксиаопинг Рен, кој што во 2016 година пресадил глава на мајмун пред тоа, успешно ја спровел операцијата која што траела 18 часови.

Италјанскиот професор Канаверо, кој што е директор на Напредната неуромодулациска група Турин (Turin Advanced Neuromodulation Group), го објавил овој успех на прес конференција во Виена.

Професорот рекол:-"Направена е првата трансплантација на човечко тело. Целосна замена на глава помеѓу донатор со мртов мозок е нареден чекор и тоа е конечниот чекор за она што формално значи трансплантација на глава за медицинска состојба која е неизбежна".

Според она што досега е познато во јавноста е дека претходно се надевале дека 30-годишниот Валери Спиридонов ќе биде првиот човек кој ќе биде подложен на операцијата, но русинот одлучил дека не сака да ја искуси оваа операција.

Спиридонов се пријавил доброволно затоа што страда од т.н. Вердниг-Хофман болест, која што предизвикува сериозна рбетно мускулна атрофија (намалување на ткиво-дегенерација на клетки) со што тој беше подготвен да се обиде да си го продолжи својот живот.

Имаше гневни реакции за можната операција од религиозни групи, кои што протестирале дека со ваквиот чин се спротивставуваме на Господ.

Спиридонов беше целосно подготвен неговото тело да ја отфрли неговата глава, но исто така постоеше можност спојувањето на неговата глава со друго тело-кое што вклучува рбетен мозок и вратна вена да резултира со досега непознати нивоа на лудило.

Доктор Канаверо претходно изјавил дека очекува ова да биде 36 часовна процедура која што ќе вклучува 150 лекари и медицински сестри.

Во историјата на овој направен медицински успех стои дека во 1970 година е направена успешна трансплантација на глава на мајмун. Но успехот траел само 8 денови по што главата го отфрлила телото по што мајмунот умрел. Причината за неуспехот била што не бил соодветно поврзан рбетниот мозок на телото со главата.

Но технологијата напреднала во последните 45 години од тогаш.

Погледнете го следното видео во кое професорот Канаверо објаснува за овој своевиден медицински феномен уште пред неколку години.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна