Сума:
loading...

Боречките вештини се пат кон духовното будење што се открива преку посветување на вежбањето и себеразбирањето во секој период од животот. Брус Ли е еден од најпознатите артисти за боречки вештини. Тој е и духовен филозоф, а во неговиот личен дневник го забележал своето психолошко и духовно будење.

Во последните години од неговиот живот, тој напишал неколку писма и статии за неговото лично патување кон себеразбирањето. Иако овие документи не се никогаш објавени, тие покажуваат дека процесот на лично будење е еден од најважните подвизи на секој човек.

Овие лични забелешки се архивирани од фондацијата Брус Ли и имаат многу да им кажат на луѓето кои се обидуваат да го откријат својот вистински потенцијал. Брус Ли го поставил можеби најважното прашање кое може да си го постави еден човек: „Кој сум јас?“

„Во моментот се прашувам за кој го пишувам овој организиран неред. Морам да кажам дека запишувам сè што сака да биде запишано. Сфатив дека порано или подоцна сè се сведува на фактот дека дури и обидот да се напише нешто за себе, бара пред сè искреност кон себе и преземање одговорност да се биде оној кој навистина си. Она на што се сведува сè е моето искрено откритие на човекот наречен Брус Ли. Кој е Брус Ли? На каде се движи? Што се надева да открие? За да го направи ова, една личност треба да застане на своите две нозе и да ја пронајде причината за незнаењето. А мрзеливите и безнадежните може да го заборават тоа и да го прават она што го сакаат најмногу.“

Поголемиот дел од нас го поминуваме животот избегнувајќи ги овие прашања и одвлекувајќи си го вниманието од нив. Но, Брус Ли директно се соочил со овие прашања, и наводно работел на текст кој го нарекол „Мојот процес.“

Во овие дневници, Брус Ли ги изнесува разликите помеѓу себеразбирањето и сликата која ја имаме за себеразбирањето. Разликата помеѓу тоа да бидете вистинското јас, или да го создавате вашето вистинско јас врз основа на општествените очекувања.

„Се разбира, овој текст ќе бара помалку од мене ако си дозволам да играм некоја улога. Но, мојата одговорност кон мене не го дозволува тоа… Сакам да бидам искрен, тоа е најмалку што може да го направи едно човечко суштество… Се занимавам со боречки вештини бидејќи тоа е мој избор, по професија сум актер, но повеќе од сè еден ден ќе бидам животен артист. Да, има разлика помеѓу себеразбирањето и сликата која ја создаваме за ова себеразбирање.“

Мудроста на Брус Ли која се открива во овие текстови најдобро е резимирана во следниот цитат каде што тој спознава дека неговиот живот, како и животот на секој друг, е процес кој никогаш не е целосно комплетиран. Сè додека се истражуваме самите, ние ќе продолжиме да созреваме како духовни битија.

„Го прифатив животот како процес, и задоволен сум дека во мојот вечен процес јас постојано откривам, се проширувам и ја наоѓам причината за моето незнаење, и во боречките вештини и во животот. Вистината е дека животот е бескраен процес кој постојано се обновува и кој треба да се живее, а не да се живее за него. Тоа е нешто кое не може да се стави во некоја шема која нè штити, игра на контрола и паметна манипулација. За да се биде, како што го нарекувам јас, квалитетно човечко суштество, треба да се биде транспарентно реален и да се има храброст да се стане вистинското јас.“

„Додека многу луѓе имаат личност, повеќето имаат празнина бидејќи се премногу зафатени трошејќи ја нивната витална енергија за да се претстават како ова или како она. Ги посветуваат нивните животи на некој концепт за тоа какви треба да бидат наместо да го откријат својот вистински потенцијал како луѓе. Нешто како „биднина“ наспроти „имање“. Ова значи дека ние немаме ум, ние едноставно сме умот. Ние сме она што сме.“

Пред крајот на неговиот живот, Брус Ли доаѓал до слични заклучоци како оние на најпознатите филозофи. Во делото „Книгата за петте прстени“ (The Book of Five Rings), легендарниот самурај Мијамото Мусаши напишал:

„Нема ништо надвор од вас што ќе направи да се чувствувате подобро, да бидете посилни, побогати, побрзи или попаметни. Сè е внатре. Сè постои. Не барајте никаде освен во вас.“
Џосеф Кампбел напишал дека привилегијата на животот е да бидеме оние коишто сме. Слична мудрост може да се најде и на древното хеленистичко светилиште во Делфи, Грција: „Nosce te ipsum“, односно „Сознај се себеси.“

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна