Сума:
loading...

Земјата е нашиот дом и понекогаш ни изгледа како секој дел од неа да е подобен за живот. Сепак, надвор од удобните домови кои сме ги создале постојат и некои многу неудобни места. Овие 9 локации се навистина екстремни и иако изгледаат опасно, некои луѓе успеале да ги претворат во свој дом.

 

1. Кастелфолит де ла Рока, Шпанија

Ова мало село е лоцирано на камен кој настанал пред илјадници години од лава. Ридот на кој е сместено селото е висок 50 метри и се протега на должина од 1 километар. Популацијата во ова село е околу 1.000 жители.

2. Висечкиот манастир, Кина

Во овој манастир има олтари од будизмот, таоизмот и конфучизмот. Многу од ходниците се направени долж стрмните карпи кои се како ѕид. Од 1982 година манастирот е заштитен како национален споменик на Кина.

3. Замокот Лихтенштајн, Германија

Овој замок се наоѓа на висина од 817 метри. Веднаш до него се наоѓаат урнатини од средновековна тврдина која била изградена помеѓу 1150 и 1200 година, а уништена во доцниот 14-ти век. Замокот е граден од 1840 до 1842 година и во него има колекција од историски оружја и оклопи. Тој е отворен и за посетители.

4. Манастирите Метеори, Грција

Стрмните карпи на кои се сместени манастирите ги заштитувале од напади. Низ историјата имало 22 или 24 манастири. Многу од нив денес се урнатини и сега постојат само 6, од кои 4 се манастири за мажи и 2 за калуѓерки.

5. Калапана, Хаваи

Во 1986 година лавата од еден вулкан го претворила ова место во град на духови. Но и покрај тоа овде сепак живеат неколку луѓе. До 2010 година во Калапана имало 35 куќи.

6. Куќите на дрва на народот Короваи, Индонезија

Короваите се луѓе кои се населени на југоисточната Западна Папуа во Индонезија. Тие се познати по нивните колиби кои ги градат на дрвја, и тоа понекогаш на височина од 50 метри. Короваите на овој начин ги избегнуваат поплавите и непријателските племиња.

7. Колибата Солвеј, Швајцарија

Оваа планинска колиба се наоѓа на 4.003 метри надморска височина. Во внатрешноста има 10 кревети и радиотелефон. Во колибата нема храна бидејќи се користи само за итни случаи кога има временски непогодности.

8. Сантос – градот на кривите кули, Бразил

Од фотографијата можете да забележите дека нешто не е во ред со овој пејзаж. Грешките кои сега е невозможно да се поправат биле направени кога се поставувале темелите. Поради недоволна длабочина, темелите не можат да ги издржат огромните згради. И покрај тоа што зградите „танцуваат“, станарите не ги напуштаат.

9. Азиските планински патишта

И покрај опасноста од големата височина, овие патишта се многу прометни и се единственото превозно средство кое можат да си го дозволат поголемиот број жители. Тие се толку навикнати на патиштата што се охрабруваат да се возат и на кровот на автобусите.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна