Сума:
loading...

Постојат толку многу чудни историски факти што понекогаш ни се чини дека реалноста е многу повозбудлива од научната фантастика. Таквите необични приказни го прават светот поинтересно место за живеење и затоа добро е да бидеме запознаеме со некои од нив. Прочитајте ги следниве необични факти што сигурно не сте ги научиле на училиште…

 

1. Алберт Ајнштајн за претседател

На 17-ти ноември 1952 година, премиерот на Израел официјално му понудил на Ајнштајн да стане израелски претседател. Физичарот ја одбил понудата со објаснувањето дека не е способен да се справува со луѓе.

2. Родителите на кралот Тутанкамон биле брат и сестра

Неодамнешните ДНК истражувања потврдиле дека кралот Тутанкамон страдал од сериозни здравствени проблеми како што се маларија и коскени заболувања како последица од инцесоидна врска: Неговите родители биле брат и сестра.

3. Луѓето носеле вреќи за брашно како облека

Во 1930-тите, за време на големата депресија во САД, жените немале голем избор на облека. Тие морале да бидат креативни, па затоа почнале да ги користат памучните вреќи од брашно за да направат облека за нивните семејства. Кога произведувачите на вреќи за брашно дознале за овој тренд, почнале да изработуваат вреќи со различни шари на нив. Некои вреќи дури имале и упатство за правилно перење и правење фустан или кукла.

4. Најголемата птица на светот

Argentavis magneficens е фосил од птица најден во Аргентина во 1979 година. Научниците велат дека птицата живеела на нашата планета пред 6 милиони години. Распонот на нејзините крилја изнесувал од 6 до 8 метри, а висината ѝ изнесувала 2 метри. Импресивно, се согласувате?

5. Најчудната порака за помош

Во 1948 година неколку бродови кои поминувале во близина на Малезија добиле чудни пораки за помош. Два американски брода добиле сигнал од холандски брод и пораката гласела: „Сите офицери, вклучувајќи го и капетанот се мртви. Најверојатно целиот екипаж е мртов… Јас умирам.“ Кога отишле да ги спасат, виделе дека секој член на екипажот бил мртов, како да замрзнале, изразот на нивните лица бил исплашен и рацете испружени како да се бранеле од она што го виделе. Дури и кучето било најдено во истата положба. Најморничавата работа е тоа што немало никакви повреди на нивните тела.

6. Причината зошто користиме отпечатоци од прсти

Овие двајца мажи се причината зошто користиме отпечатоци од прсти, односно дактилоскопија, за препознавање на идентитетот. Тие имале исто име, биле однесени во истиот затвор, а најчудното нешто е што никогаш претходно се немале видено. Тие изгледаат потполно исто и покрај тоа што не се роднински поврзани.

7. Повик за будење

Пред да се појави будилникот, постоела една многу необична професија позната како „тропачи на прозорци“. Станувало збор за луѓе кои тропале на прозорците со стапче или фрлале со суви гравчиња по прозорците на работниците. Би сакале да се разбудите на овој начин?

8. Болна азиска убавина

Во минатото, жените од Кина ги врзувале нивните стапала за да не растат, бидејќи малите стапала се сметале за убави и женствени. Како последица од тоа, нивните стапала биле целосно деформирани.

9. Огромни кристални пирамиди

Со помош на сонарна технологија, научниците откриле две огромни пирамиди 2.000 метри под морето. Биле направени од нешто што личи на дебел кристал и биле поголеми од пирамидата Гиза во Египет.

10. Сталин го измислил Фотошопот

Велат дека секогаш кога на Јосиф Сталин ќе му кажеле дека некој човек умрел или исчезнал, тој наредувал да биде избришан од сите негови заеднички фотографии. Тоа биле почетоците на фотошопирање фотографии.

11. Некои светци изгледаат како да спијат

Се верува дека телата на светците не се распаѓаат. Најстарото нераспаднато тело е она на светицата Сесилија која била мачена во 177 година од наша ера. Нејзиното тело останало исто како што изгледало пред 1.700 години кога било откриено, што ги оспорува сите природни закони. На сликата можете да видете уште една светица која се викала Марија Тиаги.

12. Трага за локацијата на Светиот грал

На споменикот во Стафордшир во Англија има мистериозен натпис: DOUSVAVVM. Никој не знае кој го напишал тоа и никој не знае што значи, но многумина веруваат дека тоа можеби е порака оставена од страна на витезите темплари која води до точната локација на Светиот грал.

13. Од каде доаѓа англискиот збор „hooker“ за проститутка?

За време на американската граѓанска војна, генералот Џозеф Хукер секогаш сакал неговите војници да бидат задоволни и добро расположени и затоа земал жени секаде каде што оделе со војската. Денес неговото име се користи како англиски сленг за проститутка.

14. Најстрашните мумии

Најстрашните мумии во светот се оние во Гванхуато. Изразите на нивните лица покажуваат дека можеби биле закопани живи или мачени до смрт.

15. Нашите предци го користеле хероинот како сируп за кашлање

Помеѓу 1890 и 1910 година, Бајер произвел хероин кој се продавал како замена за морфиум бидејќи се верувало дека не предизвикува зависност. Освен тоа, хероинот се продавал и како сируп против детските кашлици.

16. Луѓето мислеле дека Распутин е бесмртен

За време на неговиот живот, рускиот мистик Распутин преживеал голем број обиди за убиство. Еднаш тој бил отруен, прободен и погоден со куршум во една единствена вечер! Убијците навистина мислеле дека е бесмртен додека не решиле да го фрлат во студените води на реката Нева откако пукале во него неколку пати. Неколку дена подоцна го нашле неговиот труп.

17. Храбар мајмун се борел во Првата Светска Војна

Алберт Мар го нашол јужноафриканскиот бабун Џеки кратко пред почетокот на Првата Светска Војна. Кога војната почнала, Алберт отишол во војска и го земал Џеки со него. Не само што Џеки ги забавувал војниците, туку и ги предупредувал кога се доближувале непријателите, па дури и се борел во битките. На крајот од неговата служба, тој бил награден со медал за храброст. Кога завршила војната, Џеки продолжил да живее со неговиот господар сѐ до 1921 година.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна