Сума:
loading...

Отсекогаш постоеле одредени предрасуди и стереотипи поврзани со психичките болести. Овие предрасуди биле најнагласени во случајот на жените, кои честопати биле обвинувани за вештерство и на кои им било кажувано дека единствениот лек за болеста е враќањето во домот и преземањето на улогата на покорна мајка и сопруга. Во продолжение, прочитајте ги следниве 8 факти за тоа како биле третирани жените со ментални болести низ историјата…

 

1. Матката ја носела вината за речиси секое женско ментално заболување

 

Во 1900-тата година п.н.е древните Египќани биле меѓу првите кои сметале дека причината за женските психички нарушувања е „спонтаното движење на матката“. Луѓето навистина верувале дека зголемената анксиозност и вознемиреност кај жените се јавува како последица на „движењето на матката“. Ова верување траело до 16-ти век и поттикнало многу стереотипи за жените кои сѐ уште постојат и денес. Освен тоа, поимот „хистерија“ кој го означува првото ментално нарушување поврзано со жените доаѓа од терминот „hystera“, грчкиот збор за матка. 2. Непријатните миризби биле „лекот“ за спонтаното движење на матката Во најстариот медицински документ од 1600-та година п.н.е пишувало дека матката треба да се врати назад во својата природна позиција за да може жената да се излечи од менталното заболување. Ако матката била подигната нагоре, пациентката требала да вдише непријатни миризби преку устата и носот, додека истовремено биле поставени парфимирани миризби во близина на нејзината вагина. Доколку, матката се „придвижила“ подолу од нејзината природна позиција, тогаш непријатните, горчливи миризби се поставувале блиску до вагината, а парфимираните миризби блиску до устата и носот.

3. Хистеријата кај жените се лечела со сексуални односи

Според грчкиот доктор Мелампус, психичките проблеми се јавувале како последица од „меланхолијата на матката“ и недостатокот на оргазми. Грчкиот филозоф Платон исто така сметал дека матката е тажна кога не може да се спои со маж и да носи бебе. Дури и Хипократ тврдел дека вознемирената матка е причината за хистерија. Тој верувал дека овој орган станува вознемирен како резултат на лошиот сексуален живот кој можел да се подобри само доколку жената стапи во брак. Од друга страна, пак, Соранус, грчки гинеколог од вториот век од н.е., промовирал револуционерни лекови за хистерија. Тој тврдел дека ако жените сакаат да го извлечат најдоброто во себе и да имаат одлично здравје, треба да ја зачуваат својата невиност и да апстинираат од секс. Значи, психички болните жени во овој период требале или да си најдат маж или воопшто да немаат секс за да ја излечат болеста.

4. Оргазмите на жените биле нарекувани „хистерични пароксизми“

Како што веќе споменавме, еден од начините на кои жените можеле да ја излечат хистеријата бил доживувањето оргазам. Но, бидејќи жените се сметале за мистични и енигматични суштества кои се контролирани од нивните матки, оргазмите не можеле да се нарекуваат „оргазми“. Морало да им се даде медицински термин како што е еуфемизмот „хистеричен пароксизам“.

5. Порано докторите користеле секс играчки на нивните пациенти

Лекарите од викторијанскиот период во Англија веројатно не биле свесни за тоа, но тие биле првите кои почнале да користат вибратори. Не само што женските оргазми биле нарекувани „хистерични пароксизми“ туку и на жените не им било дозволено да се самозадоволуваат. Оваа задача му била препуштена на машки доктор кој правел карлични масажи на неговите пациентки. Карличните масажи, односно задоволувањето на жените со прсти, може да биде многу напорно и да предизвика грчеви во раката. Па така, благодарение на доктор Џозеф Мортимер Гренвил се појавил првиот вибратор. Станува збор за уште еден метод кој се користел за да се излечат психичките заболувања кај жените, но и да се контролира нивната сексуалност.

6. Многу долг период, жените кои страдале од ментални болести биле обвинувани за вештерство Во многу случаи биле и убивани поради тоа. На сите ни се познати судењата на вештерките во Салем. Експертите претпоставуваат дека во рок од неколку стотици години, околу 40.000 – 50.000 луѓе биле погубени поради тоа што биле обвинети за вештерство.

 

7. Зборот „хистерија“ не бил отстранет од Дијагностичко-статистичкиот прирачник за ментални заболувања (DSM) сѐ до 1980 година

Овој прирачник е главниот водич кога станува збор за дијагностицирање ментални нарушувања. Можете колку сакате да негодувате поради верувањето во „движењето на матките“, но реалноста е дека сите овие теории биле отстранети од прирачникот дури во 1980 година! Ако ни требале неколку векови за да отстраниме еден обичен збор од речникот, замислете колку долго ќе ни треба за да се ослободиме од предрасудите што постојат поради него.

8. Последиците од овие теории се присутни и ден денес

Сте ја чуле реченицата „Сите симптоми се во твојата глава“? Ова се зборовите кои голем број жени секојдневно ги слушаат кога бараат помош од медицински лица. Половите стереотипи во однос на менталното здравје сѐ уште постојат. Честопати не им се верува на жените кога тврдат дека биле сексуално злоупотребени, но оваа недоверба е многу опасна кога се работи за нечие здравје. Психичките нарушувања треба да се третираат подеднакво и кај мажите и кај жените. Можеби ќе треба да помине повеќе време за целосно да се ослободиме од стереотипите што останале како последица од верувањата во минатото, но време е барем да го преземеме првиот чекор со тоа што ќе станеме свесни за нивното постоење.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна