Сума:
loading...

Денес постојат многу теории за потенцијалната закана од вештачката интелигенција. Филмовите во кои главни негативци се роботите стануваат сè побројни. Но што всушност мислат научниците и експертите за способноста на вештачката интелигенција? На оваа листа се наоѓаат најпознатите теории и мислењето на научниците за нив.

 

1. Трка за вооружување

На 28-ми јули 2015 година, група од технолошки гиганти, вклучувајќи ги Елон Маск, Стивен Хокинг и Ноам Чомски, напиша отворено писмо за најголемата закана од вештачката интелигенција – трка за вооружување. Овие луѓе ја опишуваат можноста за трета револуција во војувањето, после барутот и нуклеарното оружје. Од една страна, автономното оружје ќе го намали бројот на загинати војници. Но, од друга страна воените сили може да почнат глобална трка за вооружување и ќе создадат автономни оружја кои се способни за сè – од атентати до геноцид.

2. Вештачка интелигенција програмирана за уништување

Поврзано со претходната теорија, научниците се плашат дека вештачката интелигенција со способност за убивање може да се најде во погрешни раце. Истата група луѓе од претходната теорија смета дека ако се создадат вакви оружја, тие ќе бидат покомплицирани и нема да може едноставно да ги исклучите.

3. Невработеност поради вештачката интелигенција

Експертите предвидуваат дека невработеноста ќе се зголемува бидејќи уште сега сме сведоци на работници кои се заменуваат со роботи. Но, и многу од индустриите кои бараат „знаење“ ќе страдаат од ова. Секојдневно гледаме како вештачката интелигенција полека навлегува во медицината, законот и архитектурата.

4. Вештачка интелигенција како професионалец

Постои еден филозоф, Ник Бостром, кој користи сценарио со спојници за хартија за да ја објасни теоријата. Замислете си робот кој е многу добар во својата работа: да претвора разни работи во спојници. Но, бидејќи нема никакви способности за донесување одлуки, роботот почнува сè што ќе види да претвора во спојници, вклучувајќи ги и луѓето. Целта на овој смешен пример е да се демонстрира стравот кој го имаат некои експерти за ненамерните последици од вештачката интелигенција. Теоретски, ова е возможно. Вештачката интелигенција да стане толку добра во својата работа, па нејзината програма да ја натера да отстрани сè што ѝ пречи во исполнување на задачата.

5. Случајно деструктивна вештачка интелигенција

Експертите сметаат дека вештачката интелигенција е создадена да прави добри работи, но понекогаш и лоши за да ја постигне својата цел. Замислете си дека вештачката интелигенција добива наредба да направи луѓето да не бидат повредувани. За да ја постигне целта, вештачката интелигенција ги спречува луѓето воопшто да се родат. Сепак, само си ја работи работата, нели?

6. Сингуларност

Богатата историја на научната фантастика ја направила оваа теорија една од најпознатите. За оние што не знаат, сингуларност е кога вештачката интелигенција официјално ќе го надмине човекот. Ова е моментот кога машините го преземаат светот. Иако не е баш реалистична, Стивен Хокинг и Елон Маск имаат изјавено дека се плашат од ова. Сепак, Хокинг е оптимист и смета дека додека да дојде време за сингуларност, човештвото ќе живее надвор од Земјата.

7. Хакирани беспилотни автомобили

Иако е возможно беспилотните автомобили да бидат хакирани со цел да се направи штета, експертите веруваат дека најреалистичната грижа која треба да ја имаме за хакирањето е крадењето на нашите податоци. Крег Смит изјавил дека ако го ставите вашиот телефон да се полни во автомобилот, поголема е веројатноста тој да биде хакиран, отколку некој да го „преземе“ возилото. Колку е помодерна технологијата на автомобилот, толку повеќе можности се создаваат за хакерот да ги преземе вашите податоци.

8. Луѓе-машини

Постои група научници кои се нарекуваат Кернел, кои работат на „отклучување“ на „заробениот потенцијал“ на мозокот. За да го постигнат ова, тие прават мост помеѓу човекот и машината со микрочип кој се става во мозокот. Моментално го тестираат ова на луѓе со нарушувања како Алцхајмер или луѓе со повреди на мозокот, и има напредок. Во иднина научниците се надеваат дека микрочипот ќе биде достапен за секој. Зарем ова не звучи како чудна фантастика со киборзи?

9. Живееме во симулација

Можеби ова не изгледа реално, но многу паметни луѓе, вклучувајќи го и Елон Маск, веруваат дека теоретски е возможно да сме ликови во видеоигра на некое многу напредно галактичко општество. Кога го прашале за ова на една конференција, Маск одговорил:
„Пред 40 години ја имавме Понг – игра со два правоаголници и точка. Денес имаме фотореалистични 3Д симулации на кои секојдневно играат милиони луѓе во исто време. А ова секоја година се подобрува. Наскоро ќе имаме виртуелна реалност. Ако ја земете предвид брзината на напредување, тогаш не ќе можеме да ги разликуваме игрите од реалноста.“
Значи, според напредокот кој го гледаме кај видео игрите во последните 40 години, голема е веројатноста да сме симулација.

10. Ние нема да бидеме шампиони

Ова е повеќе напад на нашето его наместо „закана“ за нашето постоење, но со напредокот на вештачката интелигенција постои можноста да не бидеме најдобри во вештините со кои си се гордееме. Вештачката интелигенција веќе го победи најдобриот шахист. Во 2016-та година, вештачката интелигенција ги победи шампионите во играта „Go“ (древна апстрактна игра со безброј варијации за стратегија). Па, што е следно? Можеби вештачката интелигенција ќе биде најдобра во фудбал или кошарка.

11. Луѓето мислат дека ја разбираат вештачката интелигенција

Истражувањата ни покажуваат дека не ја разбираме опасноста која постои од вештачката интелигенција. Ние мислиме дека ако роботите изгледаат како луѓе, тие и ќе се однесуваат како луѓе. Бидејќи вештачката интелигенција не е човек, постои опасноста да создадеме нешто кое нема да се однесува како што сме предвиделе.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна