Сума:
loading...

Повеќе од една година, нуклеарната физичарка Елина Бергланд се борела со властите и злобните наслови во весниците. Сега, нејзината апликација ќе биде првата во светот што ќе биде прифатена како контрацепционо средство.

„Многу е возбудливо тоа што сега постои одобрена алтернатива за конвенционалната заштита против несакана бременост, како и тоа што е возможно да се заменат лековите со технологија“, изјавила задоволната Елина Бергланд која заедно со нејзиниот сопруг ја развиле идејата по име „Природни циклуси“ (Natural Cycles).
Одобрувањето било дадено од страна на германската инспекција и сертифицираната организација Tüv Süd кои ја сместиле апликацијата во медицинската категорија IIб. Тоа значи дека Природни циклуси официјално нуди нова, клинички тестирана алтернатива за вообичаените контрацептивни средства како што се контрацепционите пилули, инплантите и кондомите.
2015-та била тешка година за брачниот пар. Потешкотиите го достигнале врвот на 25 ноември кога овластените лица од Шведската агенција за медицински производи стапиле во контакт со нив. Тие барале работата на апликацијата да биде прекината за 10 дена, додека агенцијата продолжи со истрагите на оваа тема. Корисниците на апликацијата биле информирани 2 дена пред Божиќ.
„Во тој момент беше тешко. Многу тешко. И покрај сѐ, апликацијата беше создадена со цел да овозможи заштита од несакана бременост“, изјавила Бергланд во едно интервју.
Освен тоа, информацијата дека Агенцијата за медицински производи ја истражува Природни циклуси излегла во јавност и по нивниот огромен приход од 280.000 долари во октомври 2015 година, тие доживеале драматичен пад.

„До декември нашата заработка изнесуваше 120.000 долари“, открила Бергланд.
Бурата продолжила и понатаму. Се појавиле застрашувачки наслови во весниците дека Природни циклуси се обидуваат да ги прелажат младите жени кои не внимаваат на заштитата од несакана бременост, а строгото надгледување од страна на Агенцијата за медицински производи сѐ уште не завршило.
По повеќе од една година подоцна, Елина Бергланд и нејзиниот сопруг конечно ја добиле нивната долго очекувана победа. Предвидената двојна заработка за 2016 година паднала во вода поради тоа што изгубиле време на чекање одобрување, но сега е време повторно да се стремат кон нови успеси.
Плановите за проширување на пазарот во САД ќе мора да почекаат додека не добијат одобрување од Американската регулаторна агенција. Но, затоа оваа апликација без проблем ќе се прошири во Велика Британија која веќе претставува еден од најголемите пазари за компанијата.
Па, како функционира оваа апликација? Природни циклуси ја пресметува дневната плодност со помош на алгоритам. За да ја користат апликацијата, жените треба да ја мерат температурата под нивните јазици секое утро и да ги внесат резултатите во апликацијата. Потоа, алгоритамот, кој е создаден специјално за оваа апликација, одредува дали сте плодни тој ден за да знаете дали ќе ризикувате да забремените доколку имате незаштитен сексуален однос.
Природни циклуси има повеќе од 150.000 корисници во 161 земја, а клиничките истражувања докажале дека користењето на апликацијата е исто толку ефикасно колку и пиењето контрацептивни пилули.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна