Сума:
loading...

Дизајнерката Катерина Кампрани од Атина ќе ви предизвика голем стрес и нервоза со нејзината колекција на секојдневни предмети изработени специјално за да ги нервираат луѓето. Колекцијата се нарекува „Неудобното“ (The Uncomfortable). Вистинско изненадување, зар не?!

Дизајните се исто толку елегантни колку што се и бескорисни. Самото гледање во нив ќе направи да се чувствувате напнато! Би сакале да имате бетониран чадор?
Целта на овој проект е да се наруши практичноста на секојдневните предмети и да се промени нивниот изглед доволно за да ги направи комплетно апсурдни. Катерина објаснила на нејзиниот веб-сајт дека преку нејзините дела сака да им помогне на луѓето да ја ценат комплексноста и длабочината на употребата на наједноставните предмети. Исто така, нејзината цел е да ги насмее фановите и мора да признаеме дека ѝ успева и покрај тоа што постоењето на чаша за вино од која не можете да пиете е повеќе трагично одошто смешно.

Катерина ја почнала нејзината колекција во 2011 година откако решила да не ги заврши нејзините студии по индустриски дизајн. Таа немала доволно финансии за да создаде вистински модели од нејзините необични идеи, па наместо тоа направила нивни 3Д верзии со цел да привлече публика и да ја пренесе нејзината порака.
Пред извесно време, дизајнерката решила да ризикува и да ја потроши животната заштеда за да произведе вистински прототипи на нејзините замисли. Па, ако некогаш посакате да си го зачините јадењето со соларник во вид на песочен часовник, да наздравите со испреплетени чаши за шампањ, да јадете со виљушка од синџир или неуспешно да ги навадите цвеќињата, можеби ќе можете да си претворите желбите во реалност.
Но, да бидеме малку посериозни! Зар не би било интересно да ги имате овие предмети како домашна декорација? Време е да излеземе од удобната зона и неудобното да ни стане удобно!

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна