Сума:
loading...

Според авторот Андреас Мориц тајната за појавата и развојот на рак клетки во човечкиот организам е комбинација на неколку клучни фактори поврзани со работата на лимфниот систем на човечкото тело.

Истиот автор во неговите трудови посветени на ракот како појава тврди дека ракот во основа е инструмент за преживување на човечкиот организам и дека постојат три главни причини за појава на рак во човечкото тело:

1.Застој (запушување)

Андреас објаснува како врз основа на научни експерименти е утврдено дека јадењето месо го зголемува ризикот за прерано умирање за 20% од секаков вид на болести, помеѓу кои ракот, остеопороза, срцеви заболувања, дијабет и повеќе други други болести чиј што главен иницијатор е јадењето на месо. Кога јадеме месо, мал дел (20%) од тоа месо се вари во желудникот, затоа што немаме таква концентрација на хлороводородна киселина кај човечкиот организам за да ја разложи во значително поголем обем, како кај мачките на пример. Ако јадете пилешко месо, вашиот желудник може да разложи 20% од изедената количина. Останатите 80% ќе се распаѓаат по природен пат на распаѓање во цревата (доминантно во дебелото црево) со помош на бактерии.

Бактериите во тој прицес на распаѓање на месото создаваат отрови: кадаверини, путрескини и нитрозамини. Нитрозамините се едни од најсилните цијаногени отрови кои постојат во природата. Овие отрови се апсорбираат во Cisterna chyli лимфната жлезда која служи како главен одвод на лимфниот систем која се наоѓа некаде во близина на папокот на човечкото тело. Во оваа жлезда има најголем промет на органски клетки на човечкото тело (околу 30 милијарди дневно) од сите периферни делови од долниот дел на телото. Овој лимфен сад има граден канал кој оди до грлото каде се витка кон лево и се вклучува во крвотокот на срцето. Во овој канал се вклучуваат и другите градни лимфни канали (пример од дојките).

Ако имате запушување на овој лимфен каналски систем од премногу отрови од несвареното месо тогаш одведувањето на лимфната маса не може правилно да се реализира. На оние места кои што не можат правилно да се одводнат од лимфната маса се појавува поголема концентрација на лимфа која содржи поголемо количество на метаболички отпад од бактериите во процесот на варење на храната (месото доминантно) кој се акумулира на неодводнатите периферни делови. Со таа ваквите места (дојки, тестиси, цревата итн.) стануваат позгуснати и со тек на време се случува угушување кое води до мутација на ДНК а потоа и до појава на рак.

2. Недостаток на витамин Д

Овој витамин контролира 2500 гени во телото. Тој е највлијателен хормон кој е особено моќен. Тој е исто тка одговорен за одржување на здрав и јак имунолошки систем. Со ниско ниво на витамин Д во телото не може да имате здраво тело, тоа е невозможно. Како што мобјаснува авторот, 77% од можностите за појава на рак може да се елиминираат едноставно со воспоставување на нормално ниво на витамин Д во човечкиот организам.

3.Недостатокот од сон.

Постои одреден временски период во текот на ноќта кога човечкото тело производи мелатонин. Врз основа на истражувачка студија која се уште се работи што се вика "Студија на медицински сестри". Во оваа студија е посматрана врската помеѓу мелатонинот (исто така моќен хормон) кој се произведува во епифизата кој се произведува во човечкото тело единствено во темна околина. Кога очите ви се затворени и не гледате светлина и на ккожата нема светлина, тогаш вашето тело произведува мелатонин кој почнува да се лачи некаде околу 21.30 часот и достигнува свој врв на лачење некаде околи 00.00 до 01.00 часот по полноќ.

Кога имате ниско ниво на мелатонин, ризикот за појава на рак се зголемува, затоа што мелатонинот го контролира генот кој е одговорен за животните циклуси во клетките на телото.

Тоа значи ако ќелиите (пример на дојката) треба да живеат 6 недели, за потоа да угинат и да бидат заменети со нови клетки, овие клетки ќе живеат подолго затоа што нивото на мелатонин е низок, клетата ќе живее 10 недели, 12, 20 недели, со тоа ваквите клетки стануваат клетки на појава на рак. Клетките на рак имаат друг начин на делење. Во суштина сите клетки во организмот се клетки со потенцијална можност за појава на рак и колку повеќе живеат толку повеќе се оштетуваат. За тоа постои ген кој се "грижи" за клетките во телото да умрат на време. Ваквиот "ген на смртта" на клетките овозможува телото (личноста) да живее подолго. Ако ја немате таа особеност или ако не е активен ваквиот механизам тогаш во телото ќе се развиваат клетки на рак.

Во оваа студија на медицинските сестри, е дефинирано дека тие имаат највисок ризик за појава на заболување од рак на дојката и други видови на рак, затоа што имаат неправилна навика на спиење и нивоата на мелатонин се типично ниски кај нив.

Слепите луѓе за споредба имаат најнизок ризик за појава на рак, затоа што се постојано во мрак и произведуваат многу мелатонин. Кај нив пак има повисоко ниво на сератонин кој е хормон кој се произведува под дејство на светлина кој што ја зголемува нивната депресивност во споредба со други неслепи луѓе кои се изложени подеднакво исто така на сонце.

Секако покрај овие 3 главни фактори и исхраната има значајна улога во појавата на ракот кај човечкиот организам, но за тоа во друга прилика.

Погледнете го видеото со авторот во продолжение:

/p>

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна