Сума:
loading...

Овој свет е неверојатно разноличен и мистериозен. Некои природни феномени изгледаат навистина мистично и покрај тоа што за нив има научно објаснување. Погледнете ги најневеројатните и најмистериозните појави кои се фатени на камера.

 

1. Привидение (фатаморгана)

Иако изгледа навистина чудно, овие привиденија не се ништо повеќе од трик на светлината. Ефектот се добива кога постои значителна разлика во густината и температурата на слоевите на воздухот. Привидението е на некој начин рефлексија на вистински предмет, но зголемен и искривен.

2. Виножито од месечина

Ова виножито е природен феномен кој не можеме да го забележиме со голо око бидејќи нашите очи не разликуваат бои во темница. Но, ако користите долга експозиција на вашата камера, ќе откриете дека ова виножито премногу наликува на она обичното.

3. Молњи во бура

Вулканските молњи се појавуваат за време на ерупција поради судирањето на гасот и пепелта во воздухот. Овој феномен е поредок и од самите ерупции, а за да го фатите на камера потребно ви е многу среќа.

4. Облак маматус

Овие облаци обично се појавуваат после многу силни бури. Тие се формираат поради воздушните маси кои се движат во различни насоки. Иако изгледаат заканувачки, тие воопшто не се опасни.

5. Хоризонтален лак

Овој лак се појавува поради истата причина како и обичното виножито – прекршување на светлината. Сепак, потребни се и некои други услови за да сведочите на ова ретко светско чудо.

6. Облаци во форма на леќа

Овие облаци се навистина редок и уникатен феномен. Тие не мрдаат дури ни кога има силен ветар. Поради оваа неподвижност, многу луѓе сметаат дека овие облаци се всушност НЛО.

7. Торнадо

Торнадото не е редок феномен, но е навистина тешко да го фатите на камера. Тоа се наоѓа на оваа „мистериозна“ листа биејќи научниците сè уште не го знаат неговото вистинско потекло.

8. Облаци Келвин-Хелмхолц

Оваа формација на облаци многу наликува на морски бранови. Тие може да се појават секаде, но се толку ретки што тешко е да пронајдете фотографија или видео од нив.

9. Сончево затемнување

Целосното затемнување може да се набљудува многу често. Но, годишната соларна еклипса, кога можете да забележите прстен околу сонцето, е навистина ретка.

10. Дупки во облаците

Ова е уште еден феномен за кои научниците немаат објаснување. Една од теориите е дека кога некое летало поминува низ облаците, дел од водните капки се претвораат во тешки кристали и паѓаат на земјата.

11. Месечево куче

Во овој случај месечината создава ореол со 2 „близнаци“ од страните. Овој оптички феномен е многу редок бидејќи потребно е месечината да биде полна и многу светла.

12. Бисерни облаци

 

И овие облаци се резултат на прекршувањето на светлината. Тие се појавуваат на височина од речиси 15 километри, а минималната температура треба да биде -78 степени Целзиусови.

13. Норвешка спирала

Оваа чудна аномалија која ја забележале илјадници луѓе во зимата во 2009 година, предизвика многу теории. Луѓето зборувале за вонземјани, па дури и за црни дупки. Сепак, се откри и „нормално“ објаснување – причината била неуспешна експлозија на проектил.

14. Огнено торнадо

Ова е можеби најдеструктивниот феномен и настанува од неколку пожари. Најчесто се случува кога има голем пожар, а единствениот начин да го избегнете е со летање.

15. Сончево куче

Сончевото куче, или лажно сонце, е исто како феноменот месечево куче. Тоа се појавува само за време на зимата бидејќи не е ништо повеќе од сончеви зраци кои се прекршуваат од кристалите мраз.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна