Сума:
loading...

Влијанието што го имаат владата и моќните луѓе на нашите секојдневни живот е неоспорно. Иако некои од нас можат да го препознаат влијанието што постои преку медиумите и државните закони, многумина живеат среќен и удобен живот, задоволни од своето негирање и незнаење. Има и луѓе кои не се согласуваат дека постои таква контрола во современото општество.

Обидот да му се испере мозокот на народот почнува од децата. Владата успева да создаде еден вид матрикс, контролен систем што ги програмира граѓаните да следат одредени патишта, вредносни системи и изменети верзии на реалноста. Уште во детството, ние сме изложени на мислењата, гледиштата, вредностите и стереотипите создадени од страна на влијателните поединци. Децата се раѓаат без никакви осудувања за луѓето од различна раса, со различна сексуална ориентација и религија. Сите овие мислења им се наметнуваат во текот на нивното растење. Откако ќе ги научат таквите ставови, тие продолжуваат да ги шират преку своите мисли и постапки.

„Луѓето живеат во многу брз и комплициран свет. За да се справат со него, мора да најдат кратенки. Не може да се очекува од нас да ги препознаваме и анализираме сите аспекти од сите луѓе, настани и ситуации со кои се соочуваме секојдневно. Немаме време, енергија ниту капацитет за да ги обработиме сите тие информации. Наместо тоа, честопати користиме стереотипи и научени правила за да ги класифицираме работите според неколку клучни карактеристики и потоа реагираме без размислување“, објаснува Роберт Чалдини, експерт за влијание.
Доколку сакате да си ги вратите вашите мисли и да преземете контрола врз сопствениот живот, најпрво мора да ги препознаете илузиите со коишто се храниме секојдневно. Некои од нив се толку цврсто вкоренети во нашето општество, што не можеме да ги забележиме дури ни ако ни ги покажат со прст. Ова се 7-те илузии што се создадени со цел да нѐ задржат заробени во матриксот…

{googleads}

1. Илузија на избор и слобода

Живееме мислејќи дека сме слободни, но дали е тоа вистина? Вистинската слобода на избор подразбира можност да ја одберете која било опција што ќе ви падне на памет, без никакво ограничување, но не и без преземање одговорност за сопствениот избор. Меѓутоа, во нашето општество изборот се контролира на тој начин што се нудат одреден број на опции. Така се создава илузијата дека ние одлучуваме. Вистината е дека ни се понудени само опциите што треба да ги поддржиме. Земете ја политиката во нашата земја за пример. Целиот систем е создаден околу идејата дека постојат 2 водечки политички партии што постојат со години иако постојано се соочуваат со обвинувања дека се нечесни и корумпирани. Независните гласови се сѐ уште ограничени, блокирани и воздржани.

2. Илузија на време

Ние имаме погрешни информации во врска со вистинската вредност на нашето време. Честопати се вели дека „Времето е пари“ и на тој начин се охрабруваат граѓаните да работат подолго за да си ги зголемат финансиските средства и да постигнат успех. Меѓутоа, вистината е дека времето е највредното нешто што го поседуваме и ако постојано го менуваме за пари, тоа значи дека ја пропуштаме неговата вистинска вредност. Кога на нашиот живот ќе почне да му се ближи крајот, нема да копнееме по повеќе пари и материјални богатства, бидејќи таквите нешта не можеме да ги земеме со нас кога ќе починеме. Наместо тоа, нашата најголема желба на смртната постела ќе биде да имавме повеќе време.

{googleads}

3. Илузија на закон, ред и авторитет

Концептот на правда и закон функционира на таков начин што се залага за еднаквост и праведно судење за сите луѓе. Барем така сме научени да мислиме. Постојат многу приказни за луѓе кои биле брутално уапсени поради минимални кривични дела, додека вистинските криминалци шетаат на слобода. Тоа е така, затоа што само луѓето кои имаат доволно пари можат да го контролираат правниот систем. Богатите поединци се финансиски спремни да ги исплатат вистинските луѓе за да можат да продолжат со нивните нелегални активности што ќе им помогнат да си го зголемат богатството и влијанието во општеството.

4. Илузија на високо образование

Во денешното општество успехот се поврзува со добрите оценки, универзитетските дипломи, а луѓето со високо образование се сметаат за поинтелигентни од останатите. Но, дали сте се запрашале какви знаења стекнуваат студентите? Многу учебници и наставни програми се создадени со цел да се погрижат дека ќе биде спроведена главната агенда на државата. На пример, во учебниците се спомнуваат луѓе кои се од големо значење за владејачката партија и покрај тоа што нивните постапки не биле секогаш за пофалба и притоа се занемаруваат луѓето чии подвизи навистина биле значајни и успешни.

5. Илузија на поделеност

На луѓето кои се на власт им треба поделба на светот и постоење конфликт за да можат да си ја отворат вратата и да ја пласираат сопствената агенда. Тие создаваат чувство на „ние против нив“ и нѐ принудуваат да се свртиме против другите народи, природниот свет, па дури и еден против друг. Тоа нѐ изолира, нѐ прави ранливи и ни ги нарушува меѓусебните врски што би ни дале сила. Вистината е дека целиот свет е поврзан. Ако ја негуваме таа врска, ќе можеме да ја добиеме поединечната сила што ни е потребна за да ги оствариме заедничките цели на глобално ниво.

{googleads}

6. Илузија на напредок и среќа

Луѓето мислат дека ако секогаш оставаат позитивен впечаток благодарение на нивната финансиска моќ, ќе бидат среќни и успешни во општеството. Но, ваквиот став е само илузија. Благодарение на кредитните картички и опциите за управување со финансиските средства, ние можеме да возиме поубави автомобили, да живееме во поголеми станови и да купуваме брендирана облека што реално не можеме да си ги дозволиме. Рекламите нѐ тераат да веруваме дека ако го купиме вистинскиот предмет, ќе почувствувате вистинска среќа. Ние продолжуваме да купуваме и да трошиме повеќе одошто можеме да си дозволиме за да ја достигнеме недостижната цел и да станеме среќни со помош на материјалните богатства.

7. Илузија на вистина

Луѓето отсекогаш трагале по вистината и тоа сѐ уште се нема сменето. Но, денес се има сменето начинот на којшто веруваме дека можеме да го стекнеме посакуваното знаење. Телевизијата, Интернетот и мејнстрим медиумите се главните извори на сите информации. Тоа им ја олеснува можноста на моќните луѓе да влијаат на „вистината“ што секојдневно ни ја сервираат. Добиваме „официјални верзии“ на настаните што се случиле, а луѓето кои се сомневаат во тие изјави се сметаат за теоретичари на заговор и еретици.

Сега, откако дознавте кои илузии се користат за да се манипулира со општата маса, ќе можете полесно да ги препознаете и да ги погледнете работите со отворени очи, а не со полузамижани. Мислете со своја глава и никогаш не престанувајте да се сомневате и да поставувате прашања.

{googleads}

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна