Сума:
loading...

Помеѓу телефонот кој постојано ѕвони, големиот број нотификации од сите апликации и постојаните пораки, сигурно се чувствувате како да не можете да пронајдете мир. Размислете колку пати сте работеле нешто кога ви стигнала некоја нотификација и ви го одвлекла вниманието.

Колку пати ви заѕвонува телефонот за време на состанок? Вашето внимание постојано се префрла на направата во вашиот џеб наместо на луѓето со кои сте.


Одвлекувањето ви ја отежнува работата

Истражувањата покажале дека на модерните луѓе им се одвлекува вниманието на секои 3 минути и 5 секунди. Секој ден се губат околу 6 часа продуктивност поради ова. Кога некој е прекинат во нешто, не само што треба да се справи со тоа што му го одвлекло вниманието, туку потребна му е уште повеќе енергија за да се врати на работата. Не само што ве иритира, туку постојаното одвлекување на вниманието не ви дозволува да го дадете најдоброто од себе. За да добиете некоја добра идеја, потребно е добро да размислувате. Ако вашиот фокус не е доволно силен, вашите идеи никогаш нема да го достигнат нивниот потенцијал.


Нашата концентрација природно се менува

Навистина е одлично да можете да го исклучите Интернетот и да ѝ се посветите на работата, но мозокот не работи така. Во текот на денот ќе почувствувате подигнување и спуштање на вашата енергија. Можеби ќе се чувствувате продуктивно после прошетка или шолја кафе, но има периоди кога ќе бидете мрзеливи. Најпродуктивни сте во периодите кога нивото на вашата енергија е високо. Ако ги „заштитите“ тие периоди, можете да го извлечете максимумот од вас. Но, кога се соочувате со одвлекувања како нотификации, пораки и повици, на вашиот мозок му е потребно повеќе време да се фокусира и да се врати на работа. Неспособноста да се концентрирате има лошо влијание на вашиот перформанс, но вие можете да го контролирате тоа.


Како да го задржите фокусот?

Ова не значи дека треба целосно да се исклучите од светот, но има некои трикови кои ќе ви помогнат да го отстраните негативното влијание на технологијата. Еден начин е да одредите период во денот само за пораки и нотификации. Направете листа со работите кои најчесто ви го одвлекуваат вниманието. Потоа одредете време кога можете да им се посветите на тие работи. Најдобро е да го правите тоа кога ќе почувствувате дека нивото на вашата енергија се намалува. Штом ќе помине тој период, веднаш вратете се на работа. На овој начин ќе ја заштитите вашата енергија и ќе станете многу попродуктивни.
Направете систем за да го ограничите одвлекувањето на вниманието

Не можете да контролирате кога некој ќе ви испрати порака. Но, можете да ги промените нагодувањата на вашиот телефон, а за ова постојат и многу апликации. Најпознатата од нив е Forest и ви помага да го тренирате вашиот мозок и да го избегнете одвлекувањето на вниманието. Можете да ја користите и на вашиот компјутер, и на вашиот смартфон. Апликацијата ви овозможува да одредите кој период од денот не сакате да бидете вознемирувани. Тоа може да биде од 10 минути, до неколку часови.

Апликацијата е направена на тој начин што секогаш кога сакате да се држите настрана од „одвлекувачите“ на вниманието, вие „посадувате дрво“. Тогаш почнува да се одбројува времето кое сте го одредиле, а вашето дрво почнува да расте. Ако одлучите да ѝ пристапите на апликација која е блокирана во тој момент, Forest ќе ве потсети дека вашето дрво сè уште расте и дека треба да го „убиете“ за да ѝ пристапите на апликацијата. Исто така апликацијата ви покажува и мотивациски пораки кои ќе ве инспирираат да продолжите со работата. Понекогаш ви е потребен само мал потсетник за да се посветите на она што го работите. Користете ја Forest, или пронајдете некоја друга апликација која ви одговара за да не ги потрошите највредните делови од вашиот ден.


Идентификувајте ги работите кои ви го одвлекуваат вниманието

Сигурно се прашувате колку време губите со непотребни работи. Единствениот начин да го дознаете тоа е убаво да ги разгледате вашите навики. Забележете ги периодите кога сте најпродуктивни. Забележете и кои се работите кои најмногу ви го одвлекуваат вниманието. Откако ќе го направите тоа, станува многу полесно. Апликациите како Forest ќе ви помогнат и добро да размислите дали вреди да го трошите вашето време на неважни работи.

Кога ќе почувствувате како е да се работи во средина која не ви го одвлекува вниманието, ќе сфатите колку всушност можете да направите. Ќе бидете поефикасни, нема да се чувствувате изморено и нивото на концентрација ќе ви биде повисоко. Наскоро вашата желба да останете фокусирани ќе стане поголема од желбата да ги проверувате нотификациите.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна