Сума:
loading...

Обично ни звучи сосема нормално кога ќе чуеме дека актерите, музичарите и режисерите имаат лоши навики. Сепак тоа се креативни луѓе. Но кога станува збор за писателите, малку ни е потешко да им ги препишеме овие навики. Сепак, некои од најдобрите литературни дела биле напишани под дејство на дрога. Погледнете за кои станува збор.

1. Стивен Кинг и 80-тите

Стивен Кинг не се ни обидува да го сокрие фактот дека поголемиот дел од книгите ги напишал под дејство на кокаин. Покрај тоа, тој не се сеќава како напишал многу од неговите дела. Во едно интервју тој изјавил дека користел кокаин од 1978 до 1986 година, период во кој напишал 10-тина новели. Некои од нив се „Тоа“ (It), „Темната кула“ (The Dark Tower) и „Гробишта за миленици“ (Pet Sematary).


2. Кен Кеси и ЛСД

Во 1959 година, Кеси работел како асистент на психијатар во една болница. Сеќавањата од ова искуство ги искористил во познатата „Лет над кукавичкото гнездо“ (One Flew Over The Cuckoo’s Nest). Додека работел овде тој бил дел од некои експерименти. Во овој период се истражувало дејството на дрогата ЛСД на човечкото тело. Во 1964 година, тој направил вистинска психоделична револуција кога го создал друштвото „Merry Pranksters“ кое ја прославило дрогата ЛСД. Тие организирале огромни забави на кои се дрогирале.


3. Жан Пол Сартр и неговата диета

Според Ани Коен Солал која ја напишала биографијата на овој егзистенцијалист, „диетата“ на Жан се состоела од: 2 кутии цигари, неколку лулиња, 1/4 шише жесток пијалак, 200 милиграма амфетамини, 15 грама аспирин, едно пакување барбитурати, и околу 20 милиграма кордран (мешавина од амфетамини и аспирин). Писателот умрел на 74 години.


4. Писателите во годините на Новата економска политика


После револуцијата во Русија, било многу полесно да набавите кокаин отколку шише вотка. Не постоел закон кој го забранувал, па се продавал во маркетите и во продавниците за цигари. Можеби од овде потекнува митот дека најдолгата романса на Владимир Мајаковски била со кокаинот. Иако оваа информација не е потврдена, сепак е возможно.


5. Чарлс Дикенс и Викторијанската ера

Дикенс живеел во Викторијанската ера, период во кој користењето дрога (опиум и кокаин) било популарно, достапно и не било забрането од лекарите. Понекогаш овие дроги биле препишувани и како антидепресиви. Познатиот писател бил зависник. Кога ќе се земат предвид сеќавањата на луѓето кои го познавале за неговите визии и чудното однесување, дури и „Божиќна приказна“ (A Christmas Carol) ќе ви изгледа морничаво.


6. Луис Карол и Викторијанската ера


И господин Карол живеел во овој период. Тој користел лауданум (опиум со алкохол) како третман. Многу луѓе сметаат дека „Алиса во Земјата на чудата“ (Alice in Wonderland) е толку неверојатна токму поради оваа дрога. Постојат теории дека книгата е опис на дејството на дрогата.


7. Зигмунд Фројд и истражувања за кокаинот

Во 1884 година, Фројд се заинтересирал за нов аналгетик – кокаинот. Во наредните 3 години тој објавил неколку научни трудови во кој бил счудоневиден од способностите на кокаинот. Тој почнал да ѝ го препишува на својата сопруга и да им го препорачува на пријателите. Но, на почетокот на 1887 година, научниците сфатиле дека кокаинот сепак не е толку безопасен како што се мислело, па Фројд бил обвинет за пропаганда. Му било криво за тоа што го направил и се обидувал да се ослободи од зависноста до 1900 година.


8. Шарл Бодлер и клубот „Des Hashichins“

Од 1844 до 1848 година поетот бил член на овој клуб. Според она што го кажале другите членови, Бодлер два пати пробал хашиш како дел од експеримент. Подоцна Бодлер имал кратка зависност од опиум, но успеал брзо да ја надмине. После ова тој го смислил совршениот опис за влијанието на дрогата врз човечкото тело кој имал симболично име: „Вештачки рај“ (Artificial Paradises).


9. Писателите од детската програма на BBC

Госпоѓица Грам, поранешен вработен во детската програма на BBC, изјавила дека по првата епизода на нејзината емисија продуцентот ѝ понудил кокаин. Како што излегло, користењето дрога не било забрането за тимот одговорен за детската програма. Напротив, тоа било охрабрувано бидејќи сметале дека кокаинот им помага на писателите да добијат нови и креативни идеи. Се сеќавате на „Телетабиси“?


10. Микаил Булгаков


Кога луѓето разговараат за моќта на делата на Булгаков, тие често го спомнуваат и морфиумот кој го користел авторот. Но во периодот од 1916 до 1917, Булгаков работел како селски доктор и тогаш првпат пробал морфиум со цел да си ги намали болките. На писателот му требале 5 години тајно да се справува со зависноста од дрога, и успеал да ја надмине во 1921 година. Сите сеќавања од овој период ги опишал во делото „Морфиум“ (Morphine) напишано во 1927 година. Иако писателот бил зависник, тој никогаш не пишувал под дејство на дрога.

Се разбира, немојте да пробувате дрога со цел да станете писатели. Овие луѓе се прославиле благодарение на нивниот неверојатен талент. Зависноста од дрога ја сметале за казна, а не за помош.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна