Сума:
loading...

Од љубовните балади, до брзите песни за танцување, секој од нас ужива во ритамот на музиката. Најчесто претпоставуваме дека артистите ги користат своите идеи и искуства за да ја прават музиката, но понекогаш реалноста е толку сурова што мора да ја стават во песна.

 

Музичарите „тајно“ црпат инспирација од злоделата уште многу одамна, а оваа листа ќе ви го докаже токму тоа.

1. „Suffer Little Children“ – Smiths

Оваа песна е за ужасните настани кои се случувале во Манчестер помеѓу 1963 и 1965 година. Во тој период Иан Брејди и Мира Хиндли киднапирале и убиле 5 деца. Морисеј, фронтменот на бендот, потекнува од регионот од каде што биле киднапирани децата, но бил и на иста возраст со неколку од жртвите.

Насловот на песната бил инспириран од евангелието според Матеј: „Нека страдаат малите деца, и забранете им да не доаѓаат со мене, бидејќи небесното кралство е такво.“

2. „Let Him Dangle“ – Елвис Костело

Темата на оваа песна е смртната казна со бесење. Елвис Костело ја вметнува темата за казната во хитот од 1980 година. Станува збор за обвинувањето и бесењето на Дере Бентли, британски тинејџер кој бил учесник во убиството на полицаецот Сини Мајлс. Но, Бентли не го застрелал полицаецот, тоа го направил неговиот партнер, Кристофер Грег.

3. „August 7, 4:15“ – Bon Jovi

Кога помислувате на овој бенд сигурно не мислите дека и тие би обработувале мрачни теми, но со оваа песна го докажаа спротивното. Насловот се однесува на денот кога Кетрин Корзилиус, ќерката на менаџерот на бендот, била убиена. Во песната, приказната за убиството е многу убаво раскажана, но фактите позади настанот се навистина трагични. Убиството дури било дел и од телевизиското шоу „Нерешени мистерии“ (Unsolved Mysteries) бидејќи убиецот никогаш не бил пронајден. 6-годишното девојче било со мајка ѝ и брат ѝ на овој трагичен ден. Кога се враќале дома, застанале до поштенското сандаче. Девојчето прашало дали може тоа да ја земе поштата бидејќи сакала да покаже дека е веќе голема. Откако ја чекала еден час, мајка ѝ решила да се врати кај сандачето. Кетрин ја немало, а со потрагата во соседството го откриле нејзиното мртво тело.

.4. „Nebraska“ – Брус Спрингстин

Ова е можеби најдобрата песна на Брус. Текстот е обвиен со студенило и недостаток на емпатија и е раскажан од перспективата на 19-годишниот Чарлс Старветер. Заедно со неговата 14-годишна девојка, Чарлс извршил неколку убиства во Вајоминг, Небраска во 1950-тите.

5. „I Don’t Like Mondays“ – The Boomtown Rats

На почетокот овој наслов изгледа како изјавата на некој тинејџер кој бунтува против родителите и општеството. Песната дури е и „заразна“. Но, инспирацијата за ова дело е многу помрачна. Во 1970 година Бренда Ан Спенсер почнала да пука на игралиштето на едно основно училиште во Сан Диего, Калифорнија. Таа убила двајца возрасни и повредила неколку деца.

Кога на судењето ја прашале зошто го направила тоа, таа одговорила: „Не сакам понеделници.“

6. „Mr. Garfield“ – Џони Кеш

Во оваа песна фокусот не е на жртвата, туку на околината. Во песната се зборува за убиството на претседателот Џејмс Гарфилд. Иако повеќето песни од овој тип ги обработуваат деталите за смртта, Џони Кеш се фокусирал на нацијата и на проблемите кои настанале откако луѓето си го изгубиле лидерот.

7. „Stack O’ Lee Blues“ – Mississipi John Hurt

Оваа песна е изведувана многу пати и од многу артисти. Но ако барате песна која ја разгледува другата страна на убиството и се согласува со убиецот, ова е тоа. Познатата балада е инспирирана од убиството на Били Лајонс во 1895 година. Убиството се случило на Божиќ од страна на Ли Шелтон.

8. „Ann Christian“ – Prince

Во албумот Controversy од 1981 година, една песна се издвојува од другите. Иако песната звучи дури и забавно, текстот ја прави вознемирувачка. Во песната се спомнуваат неколку убиства – од убиството на Џон Ленон, до обидот за убиство на Роналд Реган. Песната ги рефлектира човечките состојби и идеологии, како што е религијата, кои биле распространети во Америка на почетокот на 1980 година.

9. „Pioneer To The Falls“ – Interpol

Со текст кој ѝ зборува повеќе на потсвеста отколку на слушателот, темата во оваа песна е смртта на Имет Гулиен. Песната е напишана во периодот кога било откриено телото на Имет. Таа била во Њујорк и одела од еден бар до друг. Иако ова „движење“ е најдиректното спомнување на убиството, во текстот постојано се спомнува и некаков гроб во форма на куп земја. Исчезнувањето на девојката се однесува на трагичната смрт на Имен.

10. „Have You Seen Bruce Richard Reynolds“ – Alabama 3

Ова е навистина интересна песна која прв пат била изведена од Најџел Денвер. Таа го опишува грабежот на воз од страна на Брус Ричард Рејнолдс во 1963 година, кој во тоа време бил најголемиот грабеж. Денвер го овековечил овој разбојник со оваа песна. Евентуално, Рејнолдс бил уапсен, а песната заборавена. Но, неколку децении подоцна, Alabama 3 ја оживуваат песната, но со мал пресврт. Бендот тврдел дека синот на Рејнолдс бил еден од членовите. Ова водело до контроверзно појавување на самиот Рејнолдс во песната, и ја направило единствена каде што се појавува и самиот криминалец.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна