Сума:
loading...

Сите имаме периоди кога сакаме да бидеме сами. Тогаш ги затвораме очите и си замислуваме како се наоѓаме во некое изолирано катче на Земјата каде што ништо не може да ја уништи тишината освен звукот на брановите или шумолењето на лисјата. Денес, ви нудиме можност да уживате во неколку минути самотија без да ги затворите очите. Погледнете ги следниве 10 неверојатни куќи кои се безбедно скриени од окото на јавноста…

1. Ископаната куќа во Тексас, САД
Оваа куќа е сместена 2 метра под земја и однадвор личи на обична ископина. Меѓутоа, во внатрешноста таа има сѐ што е потребно за удобен живот, па дури и мало базенче во дворот.

2. Бунгалов под борови дрвја во Британска Колумбија, Канада
Необичната градба и зелениот мов на покривот ѝ помага на оваа куќа целосно да се претопи во пејзажот.

3. Куќа на покрив од трговски центар во Хунан, Кина

Овој трговски центар со куќи на покривот се наоѓа во град со 4 милиони жители кои имаат многу мал слободен простор за живеење. Токму затоа, архитектонските решенија понекогаш мора да бидат малку необични.

4. Кањонската палата во Јута, САД

Оваа куќа била изградена во 1986 година од страна на еден брачен пар кој сонувал да живее на тивко место. Собите се многу пријатни иако можеби на прв поглед целата градба делува бизарно.

5. Вилата Валс во Валс, Швајцарија

Идејата зад оваа подземна вила има законска основа: Властите забраниле градење на висока зграда, бидејќи тоа би го уништило пејзажот. Токму затоа, архитектот решил да изгради куќа во пештера.

6. Куќа на рид во Кокимбо, Чиле
Оваа куќа што личи на подморница е на два ката, од кои едниот е под земја.

7. Езерската планинска колиба во Хордалан, Норвешка
Главната цел на овој проект била да се постигне целосно соединување со пејзажот и архитектите дале сѐ од себе за да го направат тоа.

8. Пустинска оаза во Калифорнија, САД
Оваа чудна куќа, што личи на купишта суви лисја оддалеку, се наоѓа во калифорниска пустина. Таа е изградена од различни материјали, меѓу кои челик, бакар и стакло.

9. Хотелот во форма на коцка со огледала во Лапонија, Шведска
Надворешните ѕидови на оваа градба се од стакло и се обложени со слој од инфрацрвен филм за птиците да можат да го препознаат како пречка.

10. Пентхаус во карпа во Бејрут, Либан
На почетокот никој не верувал дека може да се изгради куќа во карпа, но овој проект привлекол многу потенцијални инвеститори откако била објавена негова фотографија на Интернет. На крајот, проектот бил прифатен од страна на една либанска агенција за недвижнини.
И бегството на ридот, за кое можеби ќе си помислите дека сликава е плод на вашата имагинација, но станува збор за куќа што навистина постои. Дизајнот бил направен со тоа што било обрнато посебно внимание на брановите и маглата.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна