Сума:
loading...

Со лансирањето на Спутник во 1957 година започна модерната вселенска ера. Од историското слетување на месечината, изведени се уште многу неверојатни вселенски подвизи, а сигурно ќе сведочиме на уште повеќе. Можеби вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз е завршена, но тоа не значи дека научниците престанале да истражуваат. Погледнете некои од најпознатите први подвизи во оваа област.


1957: Првиот сателит во орбитата на Земјата

На 4-ти октомври, 1957 година, Советскиот сојуз го лансираше Спутник, првиот вештачки сателит. Ова го означи почетокот на вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз.


1957: Првото животно во вселената

Првото животно кое е лансирано во вселената е кучето од Русија, Лајка. Таа преживеала 7 дена во Спутник II, докажувајќи дека живите суштества можат да преживеат во вселената. За жал, немало начин да ја вратат на Земјата, па Лајка е и првото животно кое умрело во вселената.


1961: Првиот човек во вселената

Јуриј Гагарин стана првиот човек кој бил во вселената на 12-ти април, 1961 година. При влегувањето назад во атмосферата имало некои проблеми, па Гагарин излегол од Восток 1 и слетал со падобран.

1961: Првиот Американец во вселената

Алан Шепард направил лет од 15 минути со леталото Фридом 7 на 5-ти мај, 1961 година. Три недели подоцна, претседателот Џон Ф. Кенеди се заколнал дека ќе испрати луѓе до месечината и назад до крајот на 60-тите години.

1961: Првиот човек кој поминал повеќе од еден ден во вселената


Герман Титов е првиот човек кој престојувал во вселената подолго од еден ден. Како дел од мисијата на Восток 2 во 1961 година, тој бил првиот човек кој преспал во вселената.


1962: Првиот Американец кој ја обиколил Земјата

Џон Глен ја обиколил Земјата 3 пати, и тоа за 4 часа и 56 минути, на 20-ти февруари, 1962 година.

1963: Првата жена во вселената

Валентина Терешкова била испратена во вселената од страна на Советскиот сојуз на 16-ти јуни, 1963, со леталото Восток 6. Таа поминала 3 дена сама во вселената.

1965: Првата вселенска прошетка


Космонаутот Алексеј Леонов ја направил првата вселенска прошетка на 18-ти март, 1965 година. Тој бил закачен за леталото Воскод 2 и бил надвор од него 10 минути.

Алексеј Леонов денеска


1967: Првата смрт во вселената

Владимир Комаров-проколнатиот астронаут!

Јуриј Гагарин (лево на сликата) и Владимир Комаров на лов.

Посмртните останки на Владимир Комаров


Космонаутот Владимир Комаров загинал на 24-ти април, 1967 година, кога леталото Сојуз 2 се срушило додека влегувало во атмосферата.


1969: Прва размена на екипаж во вселената

Првата размена на екипаж се случила во 1969 година помеѓу леталата Сојуз 4 и Сојуз 5.


1969: Првиот човек на месечината

Како ветување на Кенеди, Нил Армстронг е првиот човек кој стапнал на месечината, на 20-ти јули, 1969 година. Милиони луѓе го следеле овој историски настан во живо на телевизија. И како што рекол Нил:
„Ова е мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото.“

1970: Првото вселенско спасување

Во 1970 година, откако експлодирала боца со кислород на Аполо 13, Контролата на мисијата им помогнала на астронаутите безбедно да се вратат на Земјата после 4 дена. Приказната е раскажана и во книгата на командантот на мисијата, Џим Ловел, „Изгубена месечина“ (Lost Moon), и во филм од 1995 година – Аполо 13 (Apollo 13).

Капсулата на мисијата Аполо 13 во водите на Атлантскиот океан. Астронаутот Џон Л. Свигерт (John L Swigert) кој што бил пилот на командниот модул го креваат со хеликоптер, додека астронаутот Џејмс А. Ловел (James A. Lovell) го чека својот ред.

Утовар на капсулата на Аполо 13:

Доделување на претседателскиот медал за слобода на членовите на екипажот на мисијата Аполо 13 Џон Свигерт, Џим Ловел и Фред В. хејс (John Swigert, Jim Lovell and Fred W. Haise), од страна на американскиот претседател Ричард Никсон на свеченоста после целата мисија и спроведеното спасување на астронаутите во воздухопловната база Хикам на Хаваите (Hickam Air Force Base, Hawaii)

1972: Првото летало кое го напуштило Сончевиот систем

Пионер 10 бил лансиран во 1972 година и стана првото летало кое го напушти сончевиот систем на 22-ри септември 1990 година. До овој момент тоа поминало растојание 50 пати поголемо од она помеѓу сонцето и Земјата. Моментално се движи кон соѕвездието Бик.
1973: Првата американска вселенска станица
Скајлаб бил лансиран на 14-ти мај, 1973 година, но бил оштетен за време на лансирањето. Првиот од 3-те екипажи пристигнал 11 дена подоцна, и останал 28 дена. Тие направиле некои поправки и го поставиле рекордот за најдолг престој во вселената (во тоа време).

1976: Првото слетување на Марс

Викинг 1, леталото без екипаж ги испратило првите слики од површината на Марс на 20-ти јули, 1976 година.


1981: Првото вселенско летало за повеќекратна употреба

Вселенскиот шатл Колумбија полетал како ракета и слетал како авион во 1981 година. За жал, Колумбија се распаднала во 2003 година, кога се скршил дел од надворешниот резервоар и се заглавил во левото крило, притоа убивајќи го целиот екипаж.


1983: Првиот Афроамериканец во вселената

Гуијон Блуфорд Џуниор стана првиот Афроамериканец кој отишол во вселената со леталото Челинџер на 30-ти август, 1983 година.


1984 Првата вселенска прошетка без јаже

Во 1984 година Брус МекКандлес и Роберт Стјуард ја извеле првата вселенска прошетка без јаже. Тие биле опремени со ракетни појаси со чија помош се движеле и не биле закачени за леталото.


1986: Првата смрт на цивил

Кога експлодирал шатлот Челинџер на 28-ми јануари, 1986 година, загинале сите членови од екипажот, вклучувајќи ја и Криста МекАулиф, првата наставничка во вселената.

1990: Првиот вселенски телескоп

Во 1990 година е лансиран Хабл, првиот вселенски телескоп. Ова технолошко чудо ни дозволи да погледнеме подлабоко во вселената од кога било порано. Огледалото на телескопот било оштетено брзо по лансирањето, но поправено е во 1993 година.


1997: Првото гласање од вселената

Во 1997 година, астронаутот Дејвид Вулф е првиот човек кој гласал од вселената. Тој се наоѓал на вселенската станица Мир и неговиот глас тајно бил пратен до Контролата на мисијата во Хјустон.


1997: Првото патување на површината на друга планета

Иако веќе имало едно летало на Марс, роботот Соџурнер е првото возило кое ја истражувало површината на Марс откако слетало на 6-ти јули, 1997 година.


2001: Првиот вселенски турист

Денис Тито не е само американски инженер и милионер, тој е и првиот вселенски турист кој сам го финансирал овој подвиг. Тој поминал 8 дена во орбитата на Земјата и ја посетил Интернационалната вселенска станица.


2003: Првиот брак од вселената

Рускиот космонаут Јури Малеченко се оженил на 10-ти август 2003 година. Она што е интересно, е што тој бил во вселената во тој период.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна