Сума:

Неодамна научниците открија дека растенијата можат да ја апсорбираат енергијата од другите растенија. Поради ова откритие, целиот научен свет може да биде превртен. Овој факт нуди докази дека и луѓето можат да апсорбираат енергија едни од други слично како и растенијата.

Истражувањето било под водства на доктор Олаф Круз. За прв пат научниците докажале дека зелената алга научно позната како „Chlamydomonas reinhardtii“ не само што се вклучува во процесот фотосинтеза, туку таа може да собира и алтернативна енергија. Оваа енергија доаѓа од разни растенија кои се наоѓаат околу алгата.

За да растеме, потребна ни е енергија како калории од храна, минерали од вода, кислород и сончева светлина. Сето ова го добиваме од нашето опкружување. И на растенијата им е потребна сончева светлина, храна, вода и јаглероден диоксид. За ова истражување, Круз и неговиот тим ја засадиле алгата и ја набљудувале кога не можела да добие енергија од вообичаените извори. Поради овој недостаток, алгата почнала да „собира“ енергија од растенијата околу неа. Таа создавала ензими кои ја обработувале целулозата од другите растенија со цел да расте.

„Ова е прв пат да се забележи вакво однесување кај вегетативен организам. Фактот дека алгата обработува целулоза се противи со секој учебник. На некој начин гледаме дека растенијата јадат други растенија“, изјавил Круз.

loading...

Подоцна тој решил да го спореди ова со однесувањето на луѓето.

„Токму ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат неудобно во одредена група каде што има мешавина од енергии и емоции.“
Од овде потекнува прашањето: Какво влијание ќе има ова на истражувањата врз луѓето и дали тие би можеле да се хранат еден од друг? Бадар-Ли, една од истражувачите објаснила:

„Кога истражувањата за енергијата ќе станат понапредни, ќе можеме ова да го видиме и кај луѓето. Човечкиот организам е многу сличен на оној на растенијата. Потребна му е енергија за да ја нахрани емоционалната состојба, а ова може да им даде енергија на клетките или да го зголеми нивото на кортизол, во зависност од емоционалната причина.“
Според неа, сега е совршениот период да почнеме да го истражуваме полето на биоенергијата.

„Луѓето можат да апсорбираат енергија и да се лекуваат преку други луѓе, животни или кој било дел од природата. Поради ова се чувствуваме многу убаво и енергично кога сме во природа.“
Имајќи го ова на ум, за да се заштитите од потенцијални „крадци“ на енергија, пробајте некој од следниве совети.

1. Заземјување

Кога се чувствувате навистина истрошено, излезете надвор и прошетајте боси. Можете и да седнете на земјата. Земјата ја враќа рамнотежата на нашите енергии и ова ќе ви помогне да се „наполните“.

2. Исчистете се

Направете си купка со солена вода или запалете жалфија за да се исчистите кога се чувствувате негативно. Иако звучи лудо, многу луѓе го прават ова и тврдат дека е навистина ефективно.

3. Држете се настрана од негативност

Не мора да ви кажуваме дека одредени луѓе, места и нешта се полни со негативна енергија. Оваа негативна енергија има големо влијание и на вас. Ако е возможно, избегнувајте секаков контакт со такви луѓе и места. Ако не можете, употребете некој од претходните совети за да се исчистите.

Науката има откриено навистина многу работи, а со секој напредок научниците стануваат сè поотворени за можностите на енергијата. Иако многу луѓе ги кажувале овие работи со години, полесно е да верувате кога гласините се поткрепени од науката.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?


Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна