Сума:
loading...

Во Делчево денеска како и насекаде низ православниот свет, се празнува христијанскиот празник Задушница.

Овој празник е едната од четирите годишни Задушници посветени за молитва за душата на упокоените што се празнуваат во текот на годината. Верниците од градот Делчево и населените села на овој ден ја посетуваат својата месна црква и гробиштата на ближите упокоени лица, во чиј спомен се дели осветено лепче со црвено вино и пченица, со запалена свеќа. Оваа запалена свеќа според верувањето на локалното население служи да им го осветли времето на упокоените во небесното царство Божјо се до наредната Задушница.

На овој ден верниците во поголемите градови делат милостина за помалку среќните, но оваа пракса во Делчево многу малку се спроведува.

Задушница секогаш се празнува во сабота, бидејки тоа е денот пред воскресението Христово во недела, кој Христос го поминал упокоен по страдањата на Крстот.

Митровденска Задушница се нарекува денешното празнување кое се паѓа пред празникот Митровден. Ова одбележување на Митровденска задушница датира од XIV век со корени на прославување во каноните на Руската православна црква, од која потоа ова одбележување како такво било превземено од целиот Православен свет.

style="display:block; text-align:center;"
data-ad-layout="in-article"
data-ad-format="fluid"
data-ad-client="ca-pub-8204345945713408"
data-ad-slot="6301867552">

На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто. 

Поука на денот:

Сети се, о душо моја, на страшното чудо: дека твојот Создател заради тебе стана Човек и дека заради тебе повела да страда за твоето спасение.

Неговите ангели треперат, херувимите се ужаснати, серафимите се во страв, а небесните сили непрестајно вознесуваат слава, а ти, несреќна душо, остануваш мрзелива.

Барем одсега па натаму стани и неодложувај го, возљубена душо, светото покајание, умилението на срцето и исповедањето на твоите гревови.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Флеш актуелности

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна