Врз основа на договорот за соработка помеѓу АВРМ, програмата за развој на обединетите нации УНДП и општина Делчево повторно се спроведува проектот општинско корисна работа во кој оваа година ќе бидат ангажирани 15 евидентирани невработени лица кои бараат работа. За својот ангажман лицата ќе добиваат месечен надоместок од 6200 денари во период од 6 месеци во кој период доколку се корисници на социјална помош истата нема да им биде укината.

-Оваа година во Делчево со програмата за општинско корисна работа ќе има 6 негователи на деца во детската градинка, 6 негователи на стари и изнемоштени лица, еден дипломиран психолог кој би работел со деца во Дневниот центар со посебни потреби и 2 помошници во народна кујна, истакна Билјана Прачковска, директор на Центар за вработување Делчево

Од општините во регионот проектот ќе се спроведува и во Пехчево каде ќе бидат ангажирани 15 евидентирани лица, а иста е бројката на невработените лица од М.Каменица кои ќе бидат опфатени со оваа програма.

- По завршувањето на огласот лицата ќе бидат селектирани најдоцна до понеделник а нивното знгажирање ќе започне од 1 октомври, додава Прачковска.

Инаку во општините Делчево и М.Каменица моментално работа бараат 2934 лица. од нив 1088 се активни баратели на работа додека пасивни баратели има вкупно 1846 лица.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна