Сума:
loading...

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ излезе со шокантни податоци и информации за економските состојби во државата.

На својот фејсбук профил Христијан Мицкоски излезе со информации според кои рецесијата во државата продолжува да се зголемува со длабок негативен пад во втората половина од тековната година.

Опаѓа исто така индустриското производство, градежништвото назадува исто така, трговијата и транспортот се во катастрофално лоша состојба.

Во продолжение проследете го целиот статус превземен од фејсбук профилот на професорот Мицкоски:

Рецесијата во Македонската економија продолжува и се продлабочува: Високо-фрекфентните економски показатели укажуваат дека рецесијата во Република Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи во третиот квартал од 2017 година (прв квартал 0% и втор квартал пад од -1,8%).
 
Негативен тренд кај индустриското производство Q3, -2,4%. 
Негативен тренд кај извршени градежни работи во Q3, -15%. Но, уште повеќе загрижува податокот за договорени градежни работи за следниот период. Тука падот изнесува цели 20%, што е индикатор дека градежништвото ќе биде во слободен пад и во следниот период. 
Негативни се податоците и кај трговијата на мало Q3, -1%, што укажува дека граѓаните  почнуваат помалку да трошат. 
Катастрофална е состојбата кај превозот на стока кај товарниот патен превоз и воздушниот превоз Q3, -10%. 
Позитивни се податоците единствено кај туризмот (а ги критикуваа субвенциите кога беа во опозиција) и кај авионскиот превоз на патници (нови аеродроми и субвенционирани ефтините летови).
Сите овие податоци укажуваат дека БДП во Q3 ќе биде негативен. 
 
Поминаа 6 месеци од оваа влада, економијата е во слободен пад, државата се осиромашува, корупција царува, терор врз опозициската мисла, притвори за родољуби, распродажба на националните интереси, понижување и омаловажување, катастрофални локални избори и што ли уште не..., доста е, знам дека со оваа хунта ќе биде тешко но мораме да успееме, мора на овој ужас да му ставиме крај, тоа им го должиме на нашите семејства, пријатели..., тоа и го должиме на татковината...
За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна