Сума:
loading...

Конститутивната седница на новиот Совет на општина Делчево е закажана за во петок 27.10.2017 година.

За седницата Претседателот на досегашниот Совет на Општина Делчево, Драган Христов го предлага сл. дневен ред:

  1. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања;
  2. Предлог решение за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Делчево;
  3. Предлог-Решение за избор на Претседател на Советот на Општина Делчево.

Седницата е закажана за во 12.00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Односот на силите според изборните резултати од 15-ти октомври, во новиот состав на Советот на Општина Делчево е осум советници од СДСМ и 7 советници од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, со што СДСМ го има мнозинството за носење одлуки за работата на Советот во наредниот четири годишен мандат.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна