Сума:
loading...

Денеска во просториите на Општина Делчево во градоначалничкиот кабинет на општина Делчево беше извршено формалното примопредавање на функцијата градоначалник од досегашниот градоначалник Дарко Шехтански на градоначалникот Горан Трајковски.

 

Досегашниот градоначалник Дарко Шехтански во својата последна изјава која ја дава од местото Градоначалник на Општина Делчево на Градоначалникот Горан Трајковски му посака успешна работа во наредниот четири годишен мандат и изрази надеж дека ќе продолжи имплементацијата и реализацијата на повеќе важни проекти за гражаните на општина Делчево кои досега се во напредна фаза на реализација во однос на постапката за нивно реализирање.

-Пред се се надеваме дека улиците што останаа неасфалтирани, "Питу Гули", "Светозар Марковиќ" и "Маршал Тито"-проекти за коишто се веќе обезбедени сретства дека во наредните денови ќе бидат реализирани. Како проект кој што е од огромна важност за сите граѓани во општина Делчево е филтер станицата за вода за пиење со која што го решаваме проблемот за чиста вода за пиење на општина Делчево за која имаме обезбедено проект, ги имаме обезбедено сретствата, јас се надевам  дека новиот градоначалник ќе ја искористи својата можност сето тоа да биде реализирано во што поскор рок а со тоа ќе им обезбедиме на нашите сограѓани чиста вода за пиење, истакна Шехтански во својата изјава.

Новоизбраниот Градоначалник на Општина Делчево, Горан Трајковски се запозна од претходниот градоначалник за тековните проекти и работа на општина Делчево при што истакна:

-Јас како нов градоначалник на Општина Делчево ќе ги реализирам сите започнати проекти до крај кои што се за доброто на граѓаните на општината. Исто така и проектите кои се вметнати во мојата програма кои што мораат буџетски да бидат покриени во наредниотѕ мандат во 4 години.

Градоначалникот Трајковски во својата изјава исто така најави подигање на нивото на работа на административните службеници за да бидат јавен сервис на граѓаните во вистинска смисла на зборот.

Погледнете ја изјавата на двата градоначалници во продолжение:

 

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна