Сума:
loading...

Денеска со почеток во 12.00 часот во спомен домот АСНОМ во Делчево беше извршено свеченото доделување на Решението за Градоначалник на Општина Делчево и членовите на Советот на општина Делчево од страна на Претседателот на Општинската изборна комисија, г-дин Владимир Петровски.

 

goran2

При своето воведно обраќање пред присутните во салата, Претседателот на ОИК ги констатираше законските предуслови за овој свечен чин по што ги додели решенијата.

Пред присутните се обрати новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево на г-динот Горан Трајковски. Тој во својот говор ја истакна потребата за развој на демократските процеси во општината и порача дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на општината. Изрази силна убеденост дека ќе ја реализира својата програма со која настапи на изминатите локални избори на 15-ти октомври. На крај на сите новоизбрани советници во Советот на Општина Делчево им го честита изборот а на сите граѓани на општина Делчево им се заблагодари за укажаната доверба.

Во изјава за медиумите Претседателот на ОИК, Владимир Петровски го истакна фер и демократскиот карактер на изминатиот изборен циклус. Притоа на г-динот Трајковски му го честита изборот за нов Градоначалник на Општина Делчево.

Драган Маневски од името на советниците на СДСМ упати честитка до избраните советници и Градоначалникот на општина Делчево, при што ја истакна својата оцена за фер и демократскиот карактер на изминатиот изборен циклус. Упати апел за надминување на меѓупартиските несогласување и најави работа во функција на сите граѓани на општината.

dragan

Сашко Ивановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција како носител на советничката листа на оваа партија ја искажа својата благодарност за укажаната доверба на граѓаните на минатиот изборен циклус, при што најави лично залагање на него и целата советничка група за реализација на програмските определби кои во предизборната програма ја претставија пред граѓаните на Делчево.

sasko

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна