Денеска се остварија два првични состаноци на новиот градоначалник на општина Делчево, г-дин Горан Трајковски со градоначалникот во заминување на општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.

Состаноците се остварија во кабинетот на градоначалникот во општинските простории во присуство на претседателот на Општинската изборна комисија, г-дин Владимир Петровски.

На состанокот беа прецизирани деталите за примопредавање на градоначалничката функција, кој чин е закажан за во среда 25.10.2017 година.

Доделувањето на решението на новиот градоначалник на општина Делчево од страна на претседателот на ОИК во Делчево ќе биде направено во вторник  24.10.2017 година во конференциската сала на Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Фотографијата во оваа статија  е превземена од фејсбук профилот на претседателот на ОИК Владимир Петровски.

 

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна