Сума:
loading...

Да се потсетиме каде бевме и каде сме сега. За да бидеме сигурни на каде одиме.

Во 2006-та во општина Делчево имаше 3700 вработени лица, а на крајот на 2016 бројот на вработените изнесуваше 4620 или околу 900 нови отворени работни места.

Ги реконструиравме регионалните патишта: Делчево-Македонска Каменица и Делчево-Голак во должина од околу 18 км и вредност од над 2,5 милиони евра.

 

Извршивме реконструкција на локалните патишта од Делчево до Вратиславци, локалниот пат кон Балабанско маало, локалниот пат од патот Делчево-Голак до село Косово Дабје, од регионалниот пат до Димовска маала, од Трстија до Турија како и локалниот пат Стамре-Град-Вирче. Изградивме 4 нови улици во населеното место Ѕвегор, лрак од улицата Видое Смилевски Бато каде изградивме и фекална канализација. Реконструиравме дел од патот Делчево-Очипала-Драмче, извршивме реконструкција на водоводната линија долж улицата Методи Митевски Брицо а го реконструиравме и главниот реонски довод на вода за пиење за населбата Милково Брдо. Ги изградивме фекалните канализации во населените места Вирче и Град. Ја довршивме изградбата на фекалната канализација во Габрово а изградивме и колектор за отпадни води за населеното место Ѕвегор. Направивме реконструкција и доградба на средното училиште "М. М. Брицо" о санација на основното училиште "Св. Климент Охридски", а во овие училишта изградивме и спортски сали во вредност од 64 милиони денари.

Направивме реконструкција на кино салата во Делчево. Изградивме два нови тениски терени кај СРЦ "Пијанец", направивме доградба на детската градинла "Весели Цветови". Во близина на автобуската станица изградивме 38 станови за млади брачни парови, самохрани родители, самци и други стамбено необезбедени лица. Извршивме реконструкција и адаптација на здравствениот дом Делчево со инвестиција вредна од над 4,6 милиони денари, а отворивме и специјализиран нефролошки пункт каде се опфатени пациенто од целиот регион. Изградивме мост на река Желевица, го саниравме свлечиштето на регионалниот пат Делчево-Берово кај село Стамер, се направија и многу други работи.

Дозволете да се заблагодарам на досегашниот градоначалник Дарко Шехтански, кој се трудеше и вложуваше онолку колку што има сили и сретства општината, да помогне и да гради. Тоа не е лесна работа. Но делата остануваат, тоа што е направено останува, неговиот труд, неговата енергија, неговите вложувања, посветено време, се нешто што останува!

Продолжуваме да ја следиме нашата патека.

Со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како првиот ден.

Тоа ќе значи многу нови проекти од нашата програма, која е со прецизни рокови и динамика на реализација.

Новата ера за Делчево носи раст и развој.

Општина Делчево посветено ќе работи на изградба на нова филтер сстаница за вода за пиење на браната Лошана. Проект со кој што ќе се реши проблемот за обезбедување на постојана и сигурна вода за пиење за градот Делчево и за населените места Габрово и Очипала како и за дел од Полето.

Ќе го продолжиме процесот за донесување на потребната урбанистичка документација за изградба на основна инфраструктура за индустриска зона во Делчево. 

Општината ќе отпочне со постапка за донесување на планска документација за изградба на Пречистителна станица во Делчево. Планираме изградба на нов современ градски пазар. Ќе биде реконструирано училиштето "Ванчо Прќе" а ќе се продолжи со реконструкција на училиштето "Методија Митевски Брицо". Предвидуваме отворање на нова детска градинка во Милково Брдо. Ќе се изгради и повеќенаменско игралиште во 3-ти реон т.н. Маџир Маало и игралиште за кошарка во Први реон. Ќе се направи пешачко-велосипедска патека и трим патеки на планнината Голак. Ќе се иницира постапка за брендирање на делчевската слива и вишна, како и на производите од нив во соработка со приватниот сектор.

 

Погледајте ја во продолжение целата галерија на фотографии од синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција со ВМРО-Народна партија, Социјалистичка партија на Македонија, Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) и Демократските сили на Ромите во Македонија:

ozio_gallery_nano

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна