По нашата претходно направена мала анализа врз основа на дотогаш расположивите информации во јавност за проектите кои ги нудат двата кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, достапна на сл. линк тука, со дополнителна изјава во медиумите излезе кандидатот за градоначалник г-дин Горан Трајковски со дополнителни информации за дообјаснување на проектот кој што тој го нуди за нов градски пазар во Делчево.

Изјавата за градскиот пазар на двата кандидати за градоначалник во прилогот во продолжение:

Врз основа на денешната негова изјава, останува нејасно според г-динот Горан Трајковски, кој е рокот за изградба на градскиот пазар?

Дали рокот за изградба според кандидатот Трајковски е оној соопштен во неговата изјава погоре во видеото кога кажува дека пазарот ќе биде изграден до 2019 година или оној деклариран во неговата печатена програма каде пишува Рок: 2021 година?

Дали станува ззбор за своевиден гаф, грешка или пак забрзување на плановите пред истекот на кампањата, е прашање кое останува неодговорено.

Графички приказ кој се однесува на градскиот пазар превземен од предизборната програма на г-динот Горан Трајковски во продолжение:

 

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна