Сума:
loading...

Остануваат само четири дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ!

Остануваат само четири дена до прогласувањето на уште еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево!

Најавивме големи промени за Делчево!

Уште стотици нови проекти лежат во душите на нашите луѓе!

Уште стотици нови потреби лежат во душите на нашите пријатели кои секојдневно ги среќаваме а не знаеме што кријат во себе!

Луѓето се отворија и ми проговорија: благодарни за тоа што е направено досега, благодарни на поранешните градоначалници... Но се уште не е доволно! Проектите кои што тие ги почнаа луѓето бараат да се довршат. Јас најодговорно, стојам пред вас исправен со големо ветување дека се што е започнато ќе биде завршено во овој мандат. Но исто така и многу нови работи ќе започнеме. Додека сум градоначалник на Делчево нема никогаш да дозволам само на 2-3 километри од центарот на делчево луѓето да газат во кал. Нема да дозволам една улична светилка да не свети, нема да дозволам планинските патишта да бидат непробиени, нема да дозволам депонии покрај патиштата и се она што го прави еден град европски.

Патував низ светот и видов многу држави, многу градови. Секаде каде што отидов, иако беа убави-беа туѓи! Се вратив во Делчево, се вложив себеси во политиката. И никогаш досега во својата 30 годишна работа во политиката, никогаш ништо не побарав и никогаш ништо не ми се понуди!

Не можев да ја одбијам кандидатурата на партијата за градоначалник, целосно свесен во која економска состојба се наоѓа нашата општина. Го прифатив тој предизвик со една голема надеж: дека сите ние заеднички ќе се сплотиме и ќе помогнеме да го надминеме тој проблем што се вика немаштија. Сите ние заеднички треба да се сплотиме и заеднички да ги отвориме проблемите за да ги решаваме.

На почетокот се решив дека првото нешто што ќе го направам во Делчево е да направам една сериозна реорганизација во општинската администрација, дека ќе барам од општинските работници да бидат експедитивни, дека ќе барам одговорност од оние кои што не ја вршат работата. 

Исто така ќе барам да се реконструира Јавното претпријатие кое што е десна рака на општината. Не може општината да функционира без јавно претпријатие без солитна јавна услуга.

Сите заеднички не смееме бизнис заедницата да ја оставиме настрана. Самиот на себе си ветив, дека секој петок во месецот ќе го оставам за бизнис секторот. Заеднички со бизнисмените, прво треба да ги слушнеме нивните проблеми а второ тие да ги разберат нашите проблеми.со кои што се ние соочуваме. И така заеднички да наоѓаме решение.

Ако секој месец решаваме по еден крупен проблем, тоа ќе биде доволно за на крајот од мандатот многу од проблемите кои што сега го тиштат Делчево да бидат надминати.

Сонувам и го гледам Делчево со бренд на Делчевската слива, го гледам Делчево како нова туристичка зона, со нова индустриска зона, со бизнисмени кои ќе дојдат од надвор и кои ќе инвестираат во Делчево.

Го гледам и сонувам денот кога сите наши иселеници да се вратат назад во Делчево.

Тешко ми паѓа одејќи од дом во дом, кога ги гледам половината домови затворени со изгаснати светла. Јасно ми е како што јас го оставив мојот дом, така и тие го оставиле нивниот и заминале да бараат некаде

подобар живот.

Верувајте животот за сите нас е живот во Делчево. Сето тоа што е надвор е само лага и измама. Почувствував како човек дека кога си надвор од државата си надвор од себеси. Единствено кога се вратив тука се чувствувам дека сум човек на своето.

Кога тргнав на почетокот во оваа трка за градоначалник, си дадов збор дека ќе водам мирна и достоинствена кампања. Дека ќе водам позитивна кампања, дека ќе гледам напред и нема да се навраќам назад.

Дека нема да ги спомнувам опонентите наши и нема да се занимавам со тоа што тие го прават, тоа е нивно право, нека ја тераат нивната кампања како што сакаат.

Можат да пишуваат по асфалтот колку што сакаат, бидејќи само тоа најдобро знаат да го направат.

Јас се решив да се зафатам во костец со проблемите и да ги решавам.

Во ова време што остана да продолжиме да го пренесеме гласот за ВМРО-ДПМНЕ, гласот за новата ера, од човек на човек, како што му доликува на ВМРО!

Со сета своја сила ќе се вложам во задачата која што ми е дадена.

На 15-ти сите заеднички да излеземе, сите заеднички да го дадеме својот глас за Македонија.

Да сте живи и здрави, да ни живее Македонија!

 

Погледајте ја во продолжение целата галерија на фотографии од синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција со ВМРО-Народна партија, Социјалистичка партија на Македонија, Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) и Демократските сили на Ромите во Македонија:

ozio_gallery_nano

 

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна