Сума:
loading...

Во изминатите денови заедно со тимот на идниот градоначалник, тропнавме на речиси секоја врата, бевме добродојдени во многу домаќинства, сакавме да допреме до секој граѓанин, слушнавме многу проблеми кои ги мачат нашите сограѓани, маки потиснувани со децении, кои се наталожиле во душата на сите нас, тешкотии од кои боли срцето на секоја Македонска мајка, чие чедо фатило туѓина и таму создало семејство.

И многу деца кои се дома со бабите и дедовците, бидејќи родителите се во некоја странска држава заминале во потрага подобар живот.

Тоа е Македонски, тоа е страдалнички!

Тоа се болки од кои и сто срца да имаш би пукнале и не би издржале!

Кај сите овие луќе кои ни ги отворија вратите на нивните домови видовме едно, искрено големо и срдечни гостопримство, едно топло добредојде, видовме една искра, видовме надеж, која расте. Видовме една силна верба, една потпора на нашата мисија, потпора на патриотисмот, потпора на македонштината, потпора на новата ера!

Надежта и вербата во нашиот народ, постои и расте! Идејата за поубаво уште поткрепено со нашата програма, нашиот збор, нашите дела, нашата љубов кон сопствениот народ се сигнал кој вели: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победува по не знам кој пат и незнам под каков мониторинг, незнам под какви притисоци и уцени, незнам какви измислени правила кои не постојат никаде во светот, во никоја демократија.

Ние ја навестуваме големата сенародна, семакедонска победа со ваша силна поддршка и помош!

Јас немам резервен град.

Јас немам резервен дом за живеење!

Јас го имам само Делчево.

Се што имам, сите спомени сите убави работи, сите другарства, сите роднини, органски ме поврзуваат за ова прекрасно место, за моето и за вашето Делчево!

Целосно ќе се вложиме и неуморно ќе работиме сите ние за да направиме една улица повеќе, тротоари, канализации, спортски терени, училници, да усреќиме едно семејство повеќе, да создадеме услови барем еден иселеник да се врати.

Со вашиот глас за нашата советничка листа јасно и недвослислено кажуваме: Не сакаме мигранти дури и последниот македонски печалбар не се врати! Не сакаме двојазичност нокогаш и под никакви услови!

Не сакаме ревидирана историја која ќе ни ја пишуваат белосветските сатани и божемните добронамерници! 

Мој народе! Верувам во Вашата мудрост, верувам во вашиот правилен избор!

Ве повикувам на 15-ти октомври, масовно гордо, достоинствено, патриотски, онака како што ни прилега, чесно да не поддржите, да гласате за нашата листа и нашиот градоначалник г-динот Иван Соколов со број 13, да славиме една голема, силна историска победа за ВМРО-ДПМНЕ, победа за Македонско Делчево, победа за Македонска Македонија!

Погледајте ја во продолжение целата галерија на фотографии од синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција со ВМРО-Народна партија, Социјалистичка партија на Македонија, Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) и Демократските сили на Ромите во Македонија:

ozio_gallery_nano

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна