Сума:
loading...
Отворена општина за соработка со пензионерите и за решавање на нивните проблеми вети кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски на денешната средба со пензионерите на која присуствуваше и пратеничката од Делчево, Мира Стојчевска.
 
Трајковски потенцираше дека целта на оваа средба е да се запознае со проблемите со кои се соочуваат делчевските пензионери и за можностите за потранспарентна и поголема соработка со локалната власт доколку тој ја добие довербата на граѓаните на Делчево да ја води општината наредните четири години.
 
– Средбата помина одлично, целта беше да ги слушнам нивните проблеми, но и нивните идеи за понатамошната сорабока со локалната самоуправа, како и со централната власт, преку нашата пратеничка Мира Стојчевска и за сите проблеми заедно да наоѓаме заеднички решенија. Се договориме за перманентна комуникација и постојани средби. Ние не можеме да затвораме очи пред проблемите на возрасните наши сограѓани и јас како иден градоначaлник, ќе направам се за да имаат достоинствена старост и да уживаат во општествениот живот да другаруваат и во третата доба, делчевското Здружение на пензионерите треба да биде носител на многу активности, рече Трајковски.
 
На средбата пензионерите истакнаа дека најголем проблем се просторните услови на делчевското Здружение, па за да го решат, тие сами инвестирале еден милион денари, но останува уште да се набави инвентар со што 2800 пензионери ќе имаат каде да го поминуваат слободното време, истакна Моне Ѓеоргиевски, претседател на Здружението на пенизонери Делчево.
 
– Ние инвестиравме наши средства, имаме површина од 240 м2, градежните работи се скоро завршени, деновиве ќе поставиме и парно греење. Ние очекуваме поголема поддршка од општината за за доопремување на нашите простории и поддршка на нашите активности, рече Ѓеоргиевски.
 
Трајковски им вети на пензионерите дека ќе помогне во доопремување на новите простории, но и во сорабтка со централната власт ќе се издејствуваат средства и за реконструкција на зградата каде што живеат пензионери со ниски примања.
За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна