Сума:
loading...

Како дел од предизборната кампања за претстојните локални избори, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов заедно со дел од кандидатите за советници во текот на вчерашниот ден беа во посета на селото Град.

Ова е селото во кое Иван Соколов го поминал поголемиот дел од своето детство и во кое и ден денес живее неговата мајка со дел од поширокото семејство.

На синиќешниот митинг во центарот на селото жителите на село Град излегоа во голем број за да му изразат лична поддршка на "човекот од народот" (како што тие самите го нарекуваат).

На граѓанскиот собир Иван Соколов им се обрати на своите блиски пријатели со кои израснал, како и помладите жители на селото, промовираќи дел од своите заложби и проекти од предизборната програма за наредниот 4 годишен мандат.

Покрај мноштвото други проекти, во програмата 2017-2021 година планирано е изградба на улици во селото Град, донесување на урбанистичка документација за селото и туристичкиот локалитет Градиште кој се наоќа во селото, реоконструкција на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето на селото, мерки за поддршка на малите и средни претпријатија во руралните средини во кои спаѓа и селото Град, оспособување и пробивање на селските и шумските патишта во атарот на селото, брендирање на пијанечката слива и производи од истата, со оглед на фактот што селото Град е познато по поголемите капацитети за производство на слива.

 

Фотографиите се превземени од фејсбук страната на Иван Соколов

 

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна