Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево организира голема младинска забава после најавениот митинг на партијата во Делчево кој ќе се одржи на летната сцена во среда 11.10.2017 година со почеток во 20.30 часот.

 

Забавата е закажана во кафе барот Скај кафе во центарот на Делчево со почеток во 22.00 часот, на која својот главен збор ќе го имаат момците од македонско поп и хип-хоп дуо ДНК со мега популарните Андреј и Панчо.

Со оглед на традицијата на добро организирани младински забави од страна на најбројниот партиски подмладок во државата ширум Македонија, оваа вечер во Делчево сигурно ќе биде вечер за паметење.

На забавата се очекува да присуствуваат поголем број на партиски функционери како и кандидатот за градоначалник на општина Делчево, г-динот Иван Соколов и кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција.

Забавате е со отворена покана за сите граѓани на Делчево.

 

 

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна