Сума:
loading...

Кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори во Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Иван Соколов и од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски во своите предизборни програми како еден од поважните проекти со кој ја бараат довербата на граѓаните на општина Делчево е изградбата на новиот градски пазар.

Визуелното решение за кое што е изработена и техничка документација кое го нуди кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов предвидува мултифункционална градба во чија што градежна парцела се предвидени изградба на покриен градски пазар, голем маркет, ресторан, повеќе деловни простории, паркинг и репрезентативно партерно уредување на целата градежна парцела.

За изградбата на оваа мултифункционална целина Соколов има предвидено 27 милиони денари јавни буџетски пари на општина Делчево и пари обезбедени од јавен приватен партнер. Рокот за изградба на новиот пазар според планот на Соколов е 2021 година.

Дополнително во програмата на Соколов е предвидена и изградбата на Стамбена улица "3" во централно градско подрачје која што е неопходна за опслужување на непречената сообраќајна комуникација за самиот пазар.

Визуелизацијата промовирана од штабот на Соколов изгледа вака:

Во програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски дадена е поширока наративен опис со генеза на потребата за реализација на овој проект. Исто така е дефиниран моделот за реализација на инвестицијата по пат на Јавно приватно партнерство. Според визуелизацијата пренесена во видеото подолу може да се забележи дека според визијата на Горан Трајковски Пазарот би имал свој покриен но отворен (странично) дел, помошни простории за самиот пазар, паркинг и партерно и хортикултурно уредување.

Во програмата на Горан Трајковски нема прецизирана финансиска конструкција и износ на чинење на самиот проект.

Рокот за реализација предвиден од Трајковски е исто така 2021 година.

Визуелизацијата промовирана од изборниот штаб на Горан Трајковски е следна.

За промоција на овој значаен проект за граѓаните на Делчево од двата изборни штабови имаат подготвено и соодветна визуелизација за нивната визија за изгледот на пазарот, што може да се проследи во видео пораките упатени за таа цел во продолжение.

 

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна