Сума:
loading...

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на кандидатот за градоначалник Горан Трајковски за реформите во образованието во изминатиот период.

 ЗА ТОА ШТО НАПРАВИ ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО И ВЛАДАТА НА ВМРО ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ДЕЛЧЕВО ЗБОРУВААТ БРОЈКИТЕ И ФАКТИТЕ

Бесплатно образование и учебници, реконструирани училишта, две нови спортски сали, компјутер за секое дете и повисоки плати за наставниците се дел од проектите коишто се реализирани во образованието во Општина Делчево во изминативе 11 години, за коишто години кажувате дека е уништен образовниот процес.
Како вие планирате да го подобрите со истите проекти кои веќе се реализирани, а според вас го унакажеле целокупниот образовен процес?
Дали можете да кажете кога вие како наставник имате земено повисока плата од платите за времето на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ?
- Во изминатите години во нашата општина се изградени две спортски сали, дел од проектот на Владата на ВМРО- ДПМНЕ „Изградба на 145 училишни сали“.
- Обезбедени се 213 преносни компјутери за наставниците, 379 преносни компјутери за учениците од одделенска настава, 1520 компјутерски единици за ученици, 2 електронски табли и 9 принтери.
- Во ООУ „Ванчо Прке“ е изграден целосно нов кров од термоизолациони сендвич панели, заменети се 110 дрвени прозори и 45 дрвени врати, со нови термоизолациони, за имплементирање на енергетско ефикасни мерки, со финансии од буџетот на Општина Делчево ИПА компонента за прегугранична соработка.
- Реконструиран е и кровот и целокупната столарија во ООУ „Св.Климент Охридски“ во 2016 година со средства од Министерството за образование и наука.
- Поставени се фитнес справи за вежбање во дворовите и на двете основни училишта со средства од буџетот на Општина Делчево.
- Доградени се 6 нови училници во СОУ „М.М.Брицо“ финансирани од ИПА – прекугранична соработка и буџетот на Општина Делчево.
- Реконструирани се постоечките капацитети на Детската градинка Весели цветови со примена на мерки за енергетска ефикасност како и доградба на уште четири нови занимални за проширување на веќе постоечките капацитети, со средства од УНДП, средства од детската градинка како и средства од Општина Делчево.
- Изграден е мултифункционален спортски комплекс во дворот на ООУ „Ванчо Прке“ во чиј состав се наоѓа мултинамеско спортско игралиште со површина од 1500 м2 со армирано- бетонски трибини во должина од 35 метри и поставени рефлектори за користење на игралиштето во вечерни услови. Изграден е и единечен тениски терен во склоп на мултинамеското спортско игралиште. Средставта се од буџетот на Општина Делчево.
-Во континуитет се доделуваат стипендии за средношколци, студенти, како и за првенци на генерацијата и се наградуваат најдобрите матуранти со средства од буџетот на Општина Делчево.
Освен укинувањата од ваша страна и стопирањето на значајни проекти, во периодот откако дојдовте на власт не спроведовте ниту една мерка во областа на образованието.
 
Текстот е превземен од фејсбук страната на кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов.
За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна