Сума:
loading...

Ослободување на деловната бизнис клима од стегите на политиката, неселeктивното исплаќање на повратот на ддв како и законот за минимална плата беа едни од клучните теми на разговор на синоќешната средба на Министерот за финансии Драган Тевдовски кој во Делчево се сретна со претставници на бизнис заедницата.

Приватните стопанственици од Делчево на Тевдовски му ги посочија проблемите со кои се соочуваат во насока на одржување на политиката која Владата му ја наметна на бизнис секторот согласно донесениот закон за минимална плата од 12.000 денари. За дел од стопантсвениците одлуката е добра, но воедно и одлука која прави дисбаланс помеѓу работната сила во самите фирми.

Ова според Тевдовски ќе се надмине со надминување на поставените норми за самите работници.

Намалување на неконтролираниот увоз и намалување на данокот од 18 на 5 проценти за ветеринарните услуги беа само дел од барањата упатени до министерот за финансии.

Инаку, освен ова стопанствениците најмногу забелешки имаа и на фирмите кои го злоупотребуваат законот со вработување на инвалидни лица како и злоупотребата на проектот "Mакедонија вработува".

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна