Еден од најактивните автори и творци во Делчево и околината ќе има свое претставување во родното Кичево.

Најголемиот Кичевчанец помеѓу делчевчани и најголемиот делчевчанец помеѓу кичевчани, сатиричарот  и културен работник Миле Ѓорѓијоски ќе се претстави пред кичевчани во рамки на Новогодишниот сатирикон заедно со македонските сатиричари Љупчо Силјановски, Витомир Долински.

Како дополнителен дел од програмата ќе биде организирана изложба на бугарска карикатура, на кој ќе бидат претставени со свои карикатури најзначајните бугарски карикатуристи. Воедно посетителите ќе можат премиерно да ги видат и карикатурите на нашиот познат карикатурист Блаже Докуле со кој на овогодинешниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја во конкуренција на светската елита на карикатуристи освои бронзен медал. 

Настанот ќе се одржи во Петок, 22.12.2017 со почеток во 18,30 во Галерија при НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево  и истиот е во организација на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ Кичево.

Од страна на организаторите е планирано Новогодишниот сатирикон да биде традиционален.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна