Сума:
loading...

Денеска на 64 годишна возраст почина еден од гитаристите и основач на хард-рок бендот AC/DC. Малколм Јанг (Malcolm Young) е постариот брат на водечкиот гитарист на светски познатиот бенд , со кој заедно во 1973 го оформија и го издигнаа на врвот на светската слава во изминатите повеќе од 40 години работење на овој бенд.

Малколм е средното дете на семејството Јанг кое потекнува од Глазгов, Шкотска, кои по раќањето на најмладиот Ангус се преселуваат во Сиднеј, Австралија. Двајцата браќа Ангус и Малколм се "заразиле" со рок музиката благодарение на нивниот постар брат Џорџ koj што во тоа време постигнал светски успех со неговиот бенд Easybeats и нивната песна "Friday on my mind". Иако и двајцата браќа на Малколм имале свој почетен успех на полето на музиката, сепак нивниот татко го терал Малколм да работи како механичар откако се откажал од образованието на 15 години.

-"Никогаш не сум се осеќал како поп ѕвезда-ова е на некој начин концерт од девет до пет", изјавли Малколм за списанието Ролон Стоун во 2008.

Во 1973 Малколм го регрутирал Ангус да го оформат новиот бенд кој го нарекле едноставно AC/DC според електричниот маркер на машината за шиење на нивната сестра. Откако направиле неколку промени во составот на бендот, нивниот постар брат Џорџ ги запознал со Бон Скот, кој што ќе биде продуцент на нивните први албуми.

Низ музичката историја на бендот Ангус и Малколм биле главната креативна енергија во бендот со непогрешливите рифофи кои што ќе го вбројат бендот во најголемите во светски рамки. хитовите од типот на "Back in Black," "Hells Bells," "Highway to Hell," "Thunderstruck," "For Those About to Rock (We Salute You)," "You Shook Me All Night Long" се слушаат и ден денес и се едни од највлијателните песни на сите времиња во рок индустријата. Товарот на светската слава си го направил своето па Малколм со истата се справувал со пиење алкохол поради што во 1988 година го напуштил бендод за да се лечи од алкохолизам. По неколку месечно отсуство се вратил во бендот излечен и е постојано трезен од тогаш. Во 2008 година му била дијагностицирана деменција, поради што денеска оваа легенда го напушти материјалниот свет и се построи на вечното небо заедно со многу други значајни и влијателни легенди од рок и поп музиката и воопшто од светот на уметноста.

Смртта на Малколм Јанг беше објавена на фејсбук страната на AC/DC со посвета на неговата улога во остварувањето на ѕвезденоста на бендот. -"Неговата лојалност кон фановите беше непобитна" истакнаа меѓу другото од менаџментот на фејсбук страната на бендот!

Прочитајте ја целата посвета во продолжение:

Во продолжение погледнете дел од оставнината на бендот како цивилизациска придобивка за сите генерации.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Флеш актуелности

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна