Сума:
loading...

Џез музиката нема своја долгорочна традиција на опстојување во Делчево, а уште помалку во регионот околу Делчево. Егзистенцијализмот на нашата периферна општина го има направено своето во изминатите повеќе години на недефинирана "транзиција" која не успеа да дефинира автентичен културен oд' кој ги одбележа изминативе две ипол децении.

Секако културата не би била култура ако биде униформна и истообразна. Градењето на еден културен идентитет на одредено време не мора да значи уникатна дефинираност во одредени рамки, и секако за да дојдеме до ситуација на еден модерен "Леб и сол", сепак во културната база е потребно респространо поле на кое ќе изникнат културните никулци на одредена епоха. Структурните државни политики базирани на комерцијални принципи без никаква претходна макотрпна и упорна работа на обезбедување на широк вариетет на индивидуални приказни на што е можно повеќе индивидуалци и цели инсталации на културни организации во областа на културата. Тие се само јалова желба да се постигне нешто што е на мускули извајано и секогаш таквото "чедо" се претвара во кич т.е. наместо на белег на тоа време станува своевидна гротеска од која и самите нејзини креатори ќе почнат во најмала мера да се срамат.

Уметноста не е во парите, не е во беспрекорните услови за работа...

Уметноста е вештина подгреана со љубов и дух. И како таква треба да се негува во нејзината изворишна форма.

Сето ова погоре кажано ме наведува само по себе да продолжам со моите импресии за концертната панихида со гротескниот епитаф на она што досега  беше униформна и "by the book" културна понуда на изминатово време од две ипол децении.

Гледајќи и слушајќи со каква леснотија но и жестина и љубов се кали вистинско модерно џез остварување на делчевската скромна дрвена сцена во Спомен домот АСНОМ во Делчево,  која којзнае колку опинци ја имаат изгазено досега, слободно можам да кажам дека Македонското небо има родено толку многу ѕвезди на препознатливост на темното културно небо кои одвреме навреме блеснуваат и повторно срамежливо се повлекуваат.

Концертниот почеток беше резервиран за воведничарите Fiеrce кои наговестија солидно што е тоа за што е дојдена делчевската публика оваа вечер во ладната "АСНОМ" ска сала во центарот на градот. Како по сценарио од нотна книга се качија дечките на сцена, си ја одработија својата работа и заминаа.

Она што остана впечатливо во нивниот настап беше се чини преголемата доминантна улога на дувачката секција ( сакс и труба), а многу малото искористување на гитарата, која повеќе имаше улога на аранжер-пополнувач на песните отколку вистинска џез гитара енергија. Хармонијата и ритам делниците беа ОК но недостигаше поголема независност и лидерство во гитарските делници. Саксот и трубата во улога на фронтмени на бендот се одлично но сепак ќе кажам дека оваа нивна доминација во песните на моменти е штетна за генералниот впечаток за едно вистинско џез остварување.

Сепак ова е релативно млад бенд кој допрва очекуваме да го слушаме и гледаме под опскурното џезерско македонско небо. Сепак како претходница на артилерискиот напад на звучните сетила на буквално недиференцираната (за џез) делчевска присутна публика, беше совршен модулатор за насочување на сетилото за слух.

Петорката MusiQ беше мое лично откровение за состојбите во кои има западната нашата национална  културна понуда дефинирана од предусловите и очекувањата од почетокот на овој мој текст-мини рецензија. Ова што го доживеав како комплетен пакет на бендовска интерпретација беше мноооогу-многу повеќе од она што бев подготвен да го восприемам во изминатата тмурна и секојдневна петочна вечер со огромна доза на  недостаточна провинцијалистичка еуфорија и монотонија.

Шаренило од енергија, креација, перфекционизам, шарм, среќа, монолитност и пред се добра забава....

Вака некако од денеска започнувам да ги градам моите лични критериуми за зрелост и одговорност кон се она што еден поединец и уште повеќе колектив го работи. 

Шареноликоста на индивидуализмот поврзан во сижето на композициите кои беа отсвирени за мене изгради едно возвишено чувство на гордост а истовремено и срам. Гордост затоа што сум дел од една приказна која сакам да ја препрочитам уште многу пати и тоа на светските познати, признати и реномирани џез изданија на фестивали и воопшто медиуми, а усрамен од моето дотогашно мрзеволие и безсознание за постоењето на ваков скапоцен кристал во македонскиот музички етер.

Да не беше овој настан веројатно никогаш и немаше да дознаам за виртуозноста на петтмината блескави индивидуалци во својот занает, кои внесоа (барем кај мене) еден релативно нов поглед кон нештата. 

Ритам секција беспрекорна дури и еуфорична. Само басистот помалку да се крие зад звучниците на сцената! Лудило! Впечатлив особено позитивен момент на тапаните е ненајавеното преминување од ритам во ритам и тоа за повеќе тактови одеднаш. Оваа убавина делува особено свежо и совршено е избалансирана аранжерски со премините од такт во такт со различна тактна вредност.

Само тапаните и басот од оние 40% од MusiQ да ги слушнев оваа вечер за мене ќе беше доволно за да заминам среќен од концертот.

Но, не!

Останатите 60% од бендот се она што оваа навидум секојдневна петочна вечер, ја лансираа во еден од незаборавните моменти за еден подолг период за мене лично. Клавијатура со раскошна хармонија, комотно да ја разгали и најкрутата душа на планетава. И притоа да прозвучи со една духовна нишка на Македонска толина низ џез звук и динамика... Преубаво.

Вокалот на Калина беше приказна за глорификација сам за себе. Истренираниот и искусен глас комотно може да излезе на сцена со далеку попознати вокали во меѓународни рамки и притоа солидно да парира со своите вокални можности, распон и дијапазон на скали, ритмика, динамика и хармоничност.

Она што паѓа како впечаток од пеењето е фактот што и покрај тоа што ритмиката на ритам секцијата и гитарата верглаат во типичен џезерски неправилен ритам и динамика, вокалот им дава една заедничка нишка на поврзаност и мелозвучност што на моменти бендот звучи рокерски и поперски. Дефинитивно ова се комерцијални вредности но бендот мора да направи напори да си остане доследен на својата џез провиниенција, бидејќи тоа е делокругот на работа од каде почнуваат да се градат незаборавните и вечни приказни.

А таму на вечните полиња и ридови каде гладијаторски се гине, има место за јунакот на вечерта. Да, почитувани мои, тоа е вечната гитара која само малкумина вдахнати со вонвременски дар на осет и вештина можат да го прикажат она што беше отсвирено оваа вечер во делчевскиот центар за култура.

Занесеност, префинетост, строгост, дефиниран звук и високо стилизирана идентитетска форма на изразување беа гламурозна енергија тогаш кога требаше во композициите, но и верен следбеник, поддршка и ветар во грб на останатите колеги во бендот, тогаш кога беше неопходно.

Така се свири гитара! Одмерено, безпретенциозно и во функција на бендот, за формирање на една комплетна слика на незаборавност.

За крај на оваа моја мини рецензија ќе се осврнам на дејноста на организаторот на овој насушно-потребен настан (не само во Делчево). Добро е што Здружението На Џез Музичари и Слободни Уметници егзистира и работи (иако не сум многу запознаен со нивната дејност), но имам една посебна порака што мислам дека ќе биде од позитива за оние малкумината кои сакаат да доживеат една различна културна доктринација од она што многумината се навикнати:

-Треба многу-многу повеќе муабет за џез музиката и џез културата воопшто во јавност. Поттикнети и иницирајте дебати, средби, дружења, интер-соработка со останати префинети уметности и процеси, разговори, критики и полемики. Изданија во оваа дејност нема ни за лек! Она што му недостига на нашето општество е токму тоа. Убавина која иако е тука, никој не ја гледа, слуша, сеќава. Убавината на вашата одржлива работа.

Таа убавина овозможува промена на подобро, насекаде за сите.

За крај ќе споделиме неколку аматерски видео снимки од настанот, за кои однапред се извинуваме за лошите перформанси, но веруваме дека се во функција на се она погоре кажано во текстот.

Уживајте:

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Флеш актуелности

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна