Сума:
loading...

Во петок 10.11.2017 година во салата на Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи целовечерен концерт на изведувачите Фиерсе (Fierce) и МузаиКју (MusaiQ).

 

Музиката што MusaiQ ја креираат претставува легура од стилови поврзани со специфична нишка која всушност е срцето на овој состав. Македонскиот фолклор, како непресушна ризница на инспирација е поводот за издавање на првата обработка на познато македонско фолклорно дело (Со маки сум се родила), но не и рамка на движење или изведување на некаков протокол. Опусот на составот е многубоен колаж на жанрови, како што се издиференцираните карактеристики на самите членови. Самиот состав функционира околу 2 години, но индивидуалното портфолио на членовите врши и повеќе од израмнување на равенката за уметничко искуство. Во овој интересен прогресивен бенд членуваат Калина Велковска - вокал , Петар Лукиќ - клавијатура , Иван Петровски - гитара , Никола Бочваров - бас и Александар Ванчовски – тапани.

Додека пак Fierce се дел од најмладата генерација македонски џез музичари кои енормно брзо ја освоија публиката. Нивниот звук се движи во границите на современиот џез вклучувајќи силни и иновативни рифови, ритмови и мелодии. Имаат настапувано на реномирани фестивали и настани во и надвор од државата меѓу кои: Meѓународниот фестивал на јазикот под покровителство на Македонскиот Конзулат во Солун, Грција, Cinema Days international Festival – Скопје, МОТ - МКЦ, Скопје, Барбакан Jazz Festival, Култиватор – Скопје, Бруклински Jazz Викенд – Скопје, Skopje Guitar Festival (SGF) – Скопје, Бруклински џез фестивал (даб музика), 12 месечини на џезот (public room). Во бендот членуваат ierce го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Fierce се моментално актуелни со нивниот прв албум.

Концертот е организиран од страна на Здружението на џез музичари и слободни уметници. По овој концерт во Делчево ќе следуваат уште три концерти во Богданци, Крушево и Пробиштип организирани од оваа организација.

Концертот во Делчево е закажан за 20.00 часот а изведувачите ветуваат незаборавни џез моменти и дружење со овој музички жанр.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Флеш актуелности

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна