Фестивалот за хумор и сатира Ин Виница веритас од 2-6 Октомври по 6 пат ќе се одржи во домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Програмата започнува во понеделник со портрет на Ивајло Цветков и ретроспективна изложба на дела од авторот. Како што истакна Славка Данев, директор на домот на културата вечерниот термин е резервиран за настап на Народно позориште „Бора Станковиќ“ од Врање.
-Гостите од Врање ќе се претстават со претстава по текст од Нушиќ. Во рамки на вториот дел од фестивалот, Ивајло Цветков ќе одржи работилница за карикатура, а предвидено е и детско хумористично шоу. Настапот на театрите „Крик“ и „Комедија“ од Скопје е предвиден за вечерните часови, брифираше Данев.
Освен ова на фестивалот ќе настапат и театри од Охрид и Велес а фестивалот ќе биде затворен со настап на Стенд ап комедија за коај ќе се погриќи комичарот Марјан Ѓеоргиевски. Фестивалот „Ин Виница веритас “ и одинава е поддржан од општина Виница.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна