Флеш актуелности од Делчево од регионот

Во изминатите неколку денови започнаа изведбените работи за реконструкција на улицата Питу Гули во населбата Милково брдо во Делчево. Станува збор за реконструкција на делница во должина од околу 380 метри која е една од најфрекфентните улици во овој дел од градот.

 

Комплексноста на реализацијата на овој проект за реконструкција на улицата, доаѓа по укажаната енормна потреба од изградба на атмосферска канализација за дел од Милково брдо. Овој проект за изградба на атмосферската канализација за дел од населбата Милково брдо претставува своевиден првенец за објекти и инфраструктура од ваков вид во нашиот град, по својата големина и значење за во минатата година, со кој во трупот на улицата "Питу Гули" се вградија главната одводна линија за атмосферски води, кои истотака преку улицата "Ѓорче Петров" беа спроведени во текот на река Габровчица.

Со изградбата на оваа делница на атмосферска канализација, се создадени услови за етапно поставување на споредните гранки на мрежата на атмосферска канализација согласно изработениот проект во иднина. Со тоа ќе се надминат во голема мера децениските проблеми кои ги предизвикуваат атмосферските води за оваа населба во Делчево.

По рализацијата на овој капитален проект на атмосферска канализација преостана целосно да се реконструира самата сообраќајница "Питу Гули"  кој по раскопување за вградување на цевките, беше во особено влошена употрена состојба.

Екипи на фирмата-изведувач со полн капацитет во изминатите неколку денови започнаа со отстранување на руинираниот асфалт и бетонски рабници, по што ќе се започне со отстранување на постојниот земјен материјал и тампонирање и валирање на трупот на улицата.

Целокупните изведбени работи планирано е да завршат кон почетокот на наредниот месец, за што се повикуваат граѓаните на Делчево кои гравитираат секојдневно кон овој дел на градот на трпение додека не ја добијат новата улица.

Реконструкцијата на улицата "Питу Гули" се реализира како дел од програмата за работа на Градоначалникот Дарко Шехтански за 2017 година.

 

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна