Флеш актуелности од Делчево од регионот

Денеска заврши асфалтирањето на дел од улицата "Кеј на Брагалница" во населбата 3-ти реон во Делчево.

Како што најави Градоначалникот Шехтански се реализираше оваа фаза на рехабилитација на коловозната конструкција на оваа делница од улицата. Најавено е за неколку денови започнување на градежните работи за изградба на тротоарот од страната на колективните стамбени згради на самата улица. Со изградбата на овој тротоар значително ќе се подобрат сообраќајните услови како за пешаците така и за возачите, но најмногу ќе се зголеми безбедноста за жителите кои живеат во стамбените згради на самата улица. За периодот што следува исто така најавено е од страна на општина Делчево и решавање на проблемот со постоење на акумулација на атмосферски води во периоди на обилни врнежи на улиците "Царевоселска" и "Малешевска" кои треба да бидат спроведени во течението на реката Брегалница низ дел од трупот на преостанатиот дел за реконструкција на улицата "Кеј на Брегалница".

Со изградбата на оваа значајна делница на атмосферска канализација ќе следува и реконструкција на преостанатиот дел од самата улица.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна