Деновиве започнаа главните изведбени работи за реконструкција на дел од улица "Кеј на Брегалница" во населбата 3-ти реон во Делчево.

Во тек е машинско гребење на постојниот деградиран асфалтен коловоз и замена на дел од најоштетените улични рабници, по што е најавено асфалтирање на еден дел од самата улица во должина од околу 230 метри.

Оваа собирна сообраќајна улица е една од најфрекфентните во градот на која живеат поголем број на семејства од колективните стамбени згради, но истата се коиристи и како транзитна за овој дел од градот, што за бизнис потреби што од страна на други граѓани.

Од страна на Градоначалникот на општина Делчево улицата беше ставена во рамки на неговата предвидена годишна програма за работа, со што следуваше и почетокот на нејзина реконструкција.

Вкупната должина за реконструкција на улицата е околу 350 метри. Во оваа фаза на реализација е одлучено да се реконструираат овие 230 метри, бидејќи за остатокот на преостанатата делница е потребно да се извршат низа на градежно-оперативни работи за решавање на проблемот со акумулирање на големо количество на атмосферски води на улиците "Царевоселска" и "Малешевска" кои е потребно преку улицата "Kej на Брегалница" да се доведат до реката Брегалница.

Од страна на општина Делчево е најавено дека по завршувањето на рекунструкцијата на овие 230 метри и по решавањето на проблемот со атмосферски води, ќе следува и реконструкција на преостанатите 120-тина метри од улицата "Кеј на Брегалница".

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна