Флеш актуелности од Делчево од регионот

По само три месеци од своето постоење кик-боксинг клубот „Тигар“ ги забалежа и првите спортски успеси на домашна сцена. Првите одличја на клубот му ги донесоа Ангелчо Мицевски и Климент Николовски кои на последно одржаното Државно првенство во кик- боксинг во категоријата кик-лајт (- 74 кг) освоија бронзен медал. Имајки предвид дека клубот беше формиран пред само три месеци ова е одличен успех како за младите кик-боксери така и за клубот. 

-Како што знаете ние сме релативно нов клуб, па така со само три месеци од своето формирање веќе ги забележавме и првите успеси. Ангелчо и Климент имаа одлични борби и само малку фалеше тие да осовојат и злато. Сепак ние сме задоволни од постигнатото и се надевам така ке продолжиме и во иднина, рече Мики Ивановски кој е еден од основачите на кик-боксинг клубот „Тигар“

Во наредниот период како што истакна Ивановски клубот ќе се обиде да се натпреварува и во потешките дисциплини на ринг.

-Во нашите планови се секако понатамошни учества на домашна сцена, а доколку се укаже прилика и на меѓународен план зошто да не. Сепак она на што ќе се фокусираме во наредниот период е учеството и во другите дисципли, оние потешките на ринг, се надевам со нашите членови ќе успееме да го достигнеме нивото кое е потребно за тоа и повторно ќе ја израдуваме спортската јавност во Делчево, додава Ивановски. 

Инаку на 4 Државното првенство во кик-боксинг за сите возрасни категории учествуваа околу 150 спортисти од сите клубови во државата.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна