Убавините на Пијанец повторно на мета на планинарите од ПСД „Голак“ Делчево. Овој пат предизвик за делчевските планинари беше магијата на уникатните геоморфолошките форми наречени  мелови над селото Црник и убавата природа над врвот „Вртешка“ на планината Влаина ги воодушеви планинарите од Делчево кои без проблем ја минаа планинарската маршрута долга 17 км.

-Планинарската маршрута се состоеше од искачување на врвот “Вртешка“ кој се наоѓа на надморска висина од 1551 метар на планината Влаина, од каде што всушност започнува и регионот „Пијанец“. Инаку, ги посетивме и многу убавите геоморфолошки форми наречени „мелови“ кои што се наоѓаат над село Црник, рече организаторот на маршот Љупчо Чучуковски.

Меловите над Црник малку и се познати на јавноста, ги има околу 40 на број и до нив се стигнува за прилично кратко време.

-Да се стигне до нив мора да се пешачи некаде половина до еден час од село Црник, тое се форми со амфитеатрален изглед каде што на површината се со негде 200 до 300 метри должина и со 80 метри висина, многу личат на инка, така што ги има околу 40 такви „мелови“ на поширок регион над селото Црник, истакна претседателот на Псд „Голак“ Чучуовски.

Планинарската маршрута до Влаина која беше во должина од 17 км  без проблем ја поминаа сите учесници на планинарскиот марш.

-Почетна точка ни беше с.Црник на 850 метри надморска висина, продолживме по Виничка река која се наоѓа од двете страни на меловите, страната десно се нарекува „Црвени брегови“ каде се наоѓаат поголемиот дел мелови, додека мелови има и на левата страна која се нарекува „Винички рид“, но тие се со помала површина , објаснува Чучуковски.

 

Од  ПСД „Голак“ најавија дека и понатаму ќе продолжат со промовирање на убавинитена пијанечкиот крај во насока на развој на рурално-планинскиот туризам во општина Делчево.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна