Каде се крие античкиот град Равен и што наведува на фактот дека месноста „Грамади“ во атарот на село Разловци е едно од местата каде основоположниците на македонската писменост Кирил и Методиј ја создале глаголицата при нивната Брегалничка мисија е тема за која најчесто пишува историчарот Славчо Десподов кој истражувајки го подрачјето во близина на Разловци дошол до податоци кои во голема мера ја потврдуваат тезата дека овде престојувале светите браќа Кирил и Методиј.
 
-Во 1845 година за кнез на брегалничкото кнежество доаѓа Методиј, а потоа доаѓа и брат му Кирил, каде што е создадена првата македонска, сесловенска азбука “Глаголица“ и каде што за прв пат Словените се преведени во христијанство со тоа што го направил Св.Кирил. За да ја потврдат мојата теза на тоа дека овде се наоѓал градот Равен ме наведоа житијата на Св.Кирил и Св.Климент Охридскикако и “Панонските легенди“ во кои што се кажува дека Кирил дека го довеле на река Брегалница која се наоѓа непосредно на целиот локалитет во близина на с.Разловци и дека го превел словенското население од тој крај во христијанство и дека ја напишал глаголицата. Тоа за почеток беше доволно, а за мене како историчар предизвик ми беше да го откријам местото каде што се наоѓал тој локалитет. Така во 1999 година престојував на тој локалитет и индициите покажуваат дека се работи за градот Равен, рече историчарот Славчо Десподов кој долго време истражува за постоењето на античкиот град Равен на овие простори.
 
Прашањето за словенската писменост и нејзините основоположници се актуелизираше по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој на заедничката мајска средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов рече дека словенската писменост доаѓа од “македонската земја“. Оваа изјава беше сосем доволна да се негираат тврдењата на одредени бугарски историчари, а особено како што вели Десподов тезите во кои бугарите зборуваат за сосема друг тек на описменувањето на овдешните народи.
 
-Врз основа на еден апокриф, таканаречена “Солунска легенда“, бугарите ја темелат нивната теза дека браќата Кирил и Методиј се Бугари и врз основа на тој апокриф во кој се зборува за некој Кирил од Кападокија тие ја темелат легендата за “Кирил и Методиј“ и дека тој Кирил ја пишувал азбуката и го христијанизирал словенското население, што од друга страна нема никаква врска и допирна точка, бидејки се работи за апокриф кој што го најдов во бугарски сајт, фактички го објавив во мојата монографија за Делчево која ја објавив минатата година, така да кој е заинтересиран може да прочита како тој апокриф е четири пати препишуван, рече Десподов.
 
Дека околината на месноста Грамади крие голема тајна, потврдуваат и самите жители на Разловци кои секојдневно работејки на своите имоти кои се наоѓаат во близина на месноста „Грамади“ често знаеле да пронајдат по некој антички предмет кој ја потврдува тезата на Десподов за постоењето на античкиот град Равен на овие простори.
 
-Јас лично имам најдено една “тугла“ со писмо, ама не сум се досетил дека има кој да го прочита тоа што е напишано на неа, нејзината големина беше со димензии 30x30 cm, имаше цела строфа испишано на неа, рече Зоран Дончевски, жител на село Разловци, опишувајки го пронајдениот реликт.
 
-Порано кога се ораа нивите со крави не сме забележале, но кога почна да се ора со трактори налетавме на една “врчва“ која удри во плузите. “Врчвата“ја чуваме во дворот и кој сака може да ја види и да дознае нешто повеќе за неа, вели разловчанката Катерина Сапаловска.
 
Инаку, за можноста Равен да е во „Пијанец“ авторот Славчо Десподов пишува во неговата монографија за Делчево, а освен тој за тоа пишува и бугарскиот академик Јордан Иванов чии родители потекнуваат од Кратово како и други историчари и патеписци.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна