Флеш актуелности од Делчево од регионот

Иноваторството и понатаму останува најсилен адут на учениците од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево. Ова учениците го потврдија на последно одржаниот натпревар по народна техника кој се одржа во Прилеп, а на кој ученикот Мартин Милчевски го освои високото второ место, додека ученикот Лука Дамјанов се пласираше меѓу 4 најдобри ученици за што заслужено доби пофалница. Двајцата наградени на натпреварот учествуваа со изработка на панорамско тркало и механичко шестоножно возило, макети за кои жирито им ги додели освоените награди.

 

-Макетата е направено од лего елементи и работи на батерија мотор и има екстра електрични делови, поточно сијалици и прекинувач, работи на принципот на шест нозе од кои три нозе се секогаш во движење и така е постабилно ова шест ножно возило, рече Лука Дамјанов, ученик кој беше меѓу првите 4 наградени на натпреварот.

 

-На овој натпревар се пријавив со панорамско тркало кое јас лично го изработив, панорамското тркало го правев два дена, компјутерот со лего елементи го програмирав околу три дена, а поставата каде тоа се се става го правев околу два дена, рече Мартин Милчевски, ученик кој освои второ место на државниот натпревар.

 

Менторот Лилјана Ивановска и директорот на делчевската деветолетка Сашко Ивановски во целост се задоволни од постигнатиот успех, успех кој само се надоврзува на минатите успеси на учениците по предметот Техничко образование. 

 

-Годинава освоивме второто место на државно ниво со автоматика, Мартин Милчевски  и Лука Дамјанов како пофален ученик по роботика со  освоено четврто место, ние сме задоволни со резултатите и се надеваме дека следната година ќе освоиме први места , истакна менторот Лилјана Ивановска.

 

-Честитки до менторот и учениците, им се заблагодарувам за нивното одвоено време и ангажман во афирмацијата на училиштето „Ванчо Прке“ и можам да кажам со гордост дека нашето училиште веќе 4 година по ред создава традиција на успеси по предметот техничко образование и се надевам дека тоа ќе продолжи и во иднина.

 

Инаку, во рамки на 54 Државен натпревар по народна техника кој се одржа во Прилеп вкупно учество зедоа над 900 ученици од осносвните училишта од државата кои освоиле прво место на претходно одржаните регионални натпревари. Добиените дипломи со кои се здобија наградените ќе се вреднуваат за стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна