Флеш актуелности од Делчево од регионот

56 години од своето постоење денес одбележа СОУ “Методи Митевски Брицо“ од Делчево. Од гимназијата низ годините наназад излегоа голем број на квалитетен образовен кадар кој посебно ги прави горди професорите кои над 20 години работат на воздигнување на воспитно-образовниот процес во делчевската гимназија.

-Она што го правиме се гледа преку нашите успешни ученици, ученици кои што се веќе инспектори, да не кажам директори и успешни бизнисмени. И тоа за мене е најголемиот успех, кога учениците ќе ги надминат своите професори, а ние сме тие кои треба да ги подучуваме за да бидат поуспешни од нас, истакна Стојка Даневска, професор во делчевската гимназија.

Во рамки на денешниот настан на деветто одделенците од двете општински основни училишта од Делчево им беа презентирани образовните профили со кои располага делчевската гимназија, профили за кои идните средношколци согласно новите образовните реформи од наредната учебна година наместо од трета треба да аплицираат за истите уште во првата година од запишувањето во гимназија.

-Учениците навистина имаат потреба да се запознаат со сето тоа што ние го нудиме како училиште, ние нудиме гимназиско образование со сите профили на образовни подрачја, од гимназиската струка тука е општествено-хуманистичкото подрачје А и Б, тука се природно математичко подрачје А и Б, јазично подрачје А и Б, потоа имаме текстилна и хемиско-технолошка струка во траење од 4 години и од оваа учебна година за прв пат имаме угостителско-туристичка струка во траење од 3 години, тоа е струка за келнери, струка за која има интерес од страна на учениците за кои сметаме дека на тој начин ќе ги мотивираме да останат овде, рече директорката на делчевската гимназија Билјана Петровска.

Учениците од повисоките класови се задоволни од моменталните услови кои ги нуди училиштето и им порачаа на идните средношколци, средното образование да го продолжат во родниот град.

-Ученик сум во хемиско-прехранбената струка, супер е, се снаоѓаме со учениците, правиме настани со учениците, спортски активности, истакна ученикот  Кристијан Трајановски.

- Добар е кадарот, добро се предава, има потенцијал во училиштето, може многу да се научи да се постигне во животот, рече средношколката Христина Атанасовска.

-Јас сум задоволен од ова училиште и мислам дека треба да се запишаат повеќе ученици во ова училиште, рече ученикот Бојан Маринковски.

-Во училиштето навистина е добро и навистина има потенцијал идните средношколци овде да го продолжат своето образование, рече гимназијалецот Филип Благоевски. 

-Мислам дека нашата гимназиајa е добра, професорите се супер, јас овде планирам да го продолжам своето образование, рече Милена Начовска една од ученичките кои денес имаа можност да слушнат нешто повеќе за образовните профили за кои ќе може да се аплицира од следната учебна година.

Инаку, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на гимназијата, денес беше организирана и ликовна изложба, музички рецитал подготвен од учениците членови на училишниот хор како и спортски натпревари во ракомет.

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна