Флеш актуелности од Делчево од регионот

Со засадување на пролетни цвеќиња и украсни орнаменти, делови од централното градско подрачје во Делчево деновиве добија нова урбана димензија.

Екипи на ЈПКД „Брегалница“ од одделението за уредување на паркови и зеленило се погрижија неколку видни места во градот да бидат освежени со засадување пролетна флора како и поставување на бели камчиња, како придружни орнаменти кои даваат еден сосем поинаков лик на централното градско подрачје. За освежувањето на зеленилото на одделни места реаранжирана е и неупотреблива пластична и гумена маса, се со цел доловување на чувството на вистинска пролет во Делчево.

Од пролетните цвеќиња кои се засадени најмногу фигурираат љубичицата, јагликата, газенијата, розите како и многу други видови на пролетна флора. Новите цвеќиња и орнаменти им дадоа нов шмек на местата во близина на булеварот пред ООУ “Св.Климент Охридски“, кај платото пред Стопанска банка, споменикот на револуционерот "Гоце Делчев" кај градските семафори. Исто така на убава глетка ќе наидете и кај раскрсницата во центарот на градот каде е поставена реаранжираната гумена и пластична маса со разни придружни елементи. На просторот во строгиот центар на градот претходно беше засадена нова зимзелена флора со што беше направено преадаптирање на посточеките боксови кои добија нова боја, а со тоа и нов изглед. Од одделението за уредување на паркови и зеленило порачаа дека ваквиот нов поубав хортикултурен изглед на градот и зачувување на неговата целина е обврска на сите нас. Колку подолго успееме да го зачуваме, толку подолго ќе уживаме и во убавата глетка која мора да признаеме изгледа повеќе од фасцинантно.

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна