Флеш актуелности од Делчево од регионот

Последниот пожар на територијата на општина Делчево кој доцна синоќа беше изгаснат во атарот на село Чифлик беше една од најбрзите иницијални каписли за голем пожар на планината Голак, катастрофа која беше спречена единствено поради натчовечките напори кои ги вложија вработените во територијалната противпожарна единица во Делчево кои со брзата и интелигентна реакција спречија развој на голема огнена стихија која можеше да има несогледливо големи штетни последици по самиот шусмки фонд на планината Голак. Командирот на ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски упати голема благодарност до групата од 30 пожарникари кои два часа непрекинато учествувале во гаснењето на пожарот.

-Поради ветерот и отежнтите околности пожарот кој избувна во попладневните часови во атарот на село Чифлик бргу се прошири и постоеше огромна опасност поради појавата на таканаречениот „оџак“ тој бргу да се прошири кон подножјето на планината Голак. За среќа, а најмногу благодарение на итната мобилизација на противпожарната екипа тоа не се случи и некаде до полноќ пожарот беше изгаснат. И покрај тоа остана штетата која беше предизвикана на површина од 13 хектари, рече командирот Јонче Атанасовски.

Од ТППЕ Делчево апелираат до несовесните граѓани да не палат оган на отворено бидејки поради недоволните врнежи вегетацијата е сува и лесно доаѓа до развој на несаканата појава која може да направи огромна штета, особено на местата кои се во близина на подножјето на планината Голак.

-Голак го спасуваме со натчовечки напори, единствено Голак ни остана како предел кој располага со шуми  од прв степен на загрозеност, затоа мора да апелираме да не дозволиме да продолжи уништувањето на шумите во Делчевско, казните за тие што ќе бидат фатени како палат оган на отворен простор се огромни, штетите кои во изминатиот период со палење на шумите се направени надминуваат вредност од над 25 милоини евра, но најмногу од се треба да не загрижува штетата која е настаната поради губењето на општо-корисните својства на шумите за самите нас, штета која никако не може да е надомести. За самиот недостиг на возен парк и потебна опрема во нашата единица сум кажал во неколку наврати, така што останува само да апелираме уште еднаш да се избегнува палењето оган на отворен простор, бидејки штетите во спротивно се ненадоместливи, истакна Атанасовски.

 

 

 

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна